Поврзи се со нас

Гостивар

Пуштен во употреба новиот стационар за кучиња скитници во Гостивар

Објавено

на

Гостивар доби втор стационар за третман на бездомни кучиња. Шелтер центарот, којшто е лоциран во објект на старата касарна во атарот на Долна Бањица, денес официјално беше пуштен во употреба. Располага со триесет боксови за животните, а во период од пред две недели, веќе се заловени петнаесетина кучиња, за кои следува соодветно вакцинирање, стерилизирање и кастрирање.

Првиот човек на Гостивар, Арбен Таравари вели дека во период од две години на гостиварска територија биле третирани околу 470 кучиња.

„А ко ме прашате мене, јас се` уште не сум задоволен од резултатот на работите за коишто се залагме како локална власт за проблемот со бездомните кучиња. Во 2018 направивме физибилити и според проценката во Гостивар има околу 700 кучиња. Ако има толку, а третирани се веќе скоро 500, значи ставени под контрола, излегува дека преостанати без третман се 200, што сметам дека не е така. Мислам дека проблемот е во недобрата соработка со полицијата, која треба да презема мерки за носењето на кучиња од другите градови. Сме укажувале на тоа многу пати, имаме и снимки од граѓани коишто го докажуваат тоа.“, изјави градоначалникот.

Новиот стационар се реализира како проект “Дај ми засолниште за спас” на Иницијатива за граѓански интеграции, во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан- ReLOaD, која е финансирана од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

„Има уште многу работа, но ние го направивме првиот чекор. Да напоменам дека во дирекна средба со претставници на полицијата и општината беше договорено да се преземат итни мерки за справување со проблемот на носење на бездомни кучиња од другите градови, со што полицијата се обврза на поинтензивни проверки и контроли, а упатуваме и апел до граѓаните ако забележат таква појава, да ја пријават. До сопствениците на миленичиња апелираме да не ги напуштаат, да ги чуваат и редовно да ги вакцинираат, а доколку не можат повеќе да ги чуваат може да ни се обратат, стационарот ќе биде отворен за нив. Исто така, ги повикуваме граѓаните да ги отворат своите домови за животните од стационарот, да ги вдомат, а секако тие ќе им возвратат со голема љубов“, рече Анета Филипоска, проект координатор.

Билјана Ѓеорѓиевска, проект менаџер од УНДП истакна дека проектот е реузлтат на барањата и потребите на граѓаните. „Во април 2019-та имаше јавна дебата на која граѓаните и граѓанските организации ги дефинираа приоритетите за Гостивар и токму нападите од кучињата беа посочени како еден од проблемите со коишто често се соочуваат граѓаните, а од друга страна и потребата да се обезбеди хуман третман на животните. Се надеваме дека со овој проект, колку толку ќе придонесеме за справување со проблемо“, изјави Ѓеорѓиевска.

Проектот ќе трае во наредните пет месеци, по што обврската за функционирање на стационарот и вработените ќе ги преземе општината.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Повеќе здравствени установи со нови в.д. директори, Танер Хасан на чело на Клиниката за ендокринологија

Македонијапред 5 часа

Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за кризи

Гостиварпред 6 часа

Полицијата расветлува пријава за ,,мачење на животно“ во Гостивар

Гостиварпред 7 часа

Со доаѓањето на печалбарите се создаваат гужви низ улиците, СВР Тетово со апели до возачите

Гостиварпред 9 часа

Приведено лице од Гостивар по пријава од жена за закани

Македонијапред 9 часа

Промени во политиките за да се спречи егзодусот на младите, апел од МОФ

Гостиварпред 10 часа

Основци од гостиварските училишта на Летен камп за запознавање различни култури и традиции

Гостиварпред 11 часа

Мајка и нејзиното девојче со тешки повреди донесени на Ургентно во Гостивар

Регионпред 13 часа

Предупредување за силно невреме во делови од Грција

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 2 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Гостиварпред 4 недели

Возило излетало од патот Маврово-Дебар, тешко повредена 47 годишна жена

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена