Поврзи се со нас

Спорт

Расчистени сметките со Академија ФМП – Убедлива победа на КК Гостивар 92-81

Објавено

на

Кошаркарите на Гостивар успеаа да ја запишат третата победа по ред, совладувајќи ја вечерва екипата на Академија ФМП со резултат 92-81.

Домаќините беа убедливи од самиот почетокот од натпреварот, брзо достигнувајќи и двоцифрена предност, на крајот од првиот период (25-15). Во вторите 10 минути гостите од Кисела Вода ги консолидираа своите редови имаа одличен период добивајќи го (21-26). На полувреме се замина со резултат 46-41.

Добрата игра гостиварци ја продолжија и во вториот дел, одличната реализација на шутот за три придонесе за сигурна игра на „бело-сините“ и во двата правци, по 30 минути игра имаа +16. Последниот период им припадна на гостите, но искусната екипа на Гостивар не дозволи во ниту еден момент да се загрози победата.

Одличен натпревар одигра Џалоун Фрајдеј, кој со србинот Крстајиќ од ФМП со по 29 поени беа нејаефикасни на натпреварот. Одлично деби имаше и Џоџо Вокер кој успеа да запише 19 поени, Александар Костоски постигна 14, Димитриевски 12, Јанески 7, Димчевски 6, Тодоровиќ 5 поени.

Со оваа победа КК Гостивар се искачи на 4. позиција. Доколку нема непредвидени измени веќе во среда, гостиварци ќе гостуваат во Битола, на мегдан со Пелистер.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена