Поврзи се со нас

Гостивар

Распоред на богослужби во Гостивар за претстојните празнични денови

Објавено

на

Во предвелигденските денови во викендов што е пред нас, православните верници одбележуваат неколку значајни празници. Утре е Свето Благовештение, во сабота е Лазарева сабота, додека во недела се празнува Цветници.

Свето Благовештение (Благовец) се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април. На овој ден Гаврил се јави во архангелска светлина и `и соопшти на Дева Марија дека е одредена од Бога да го роди Исус.

Лазарева сабота е со променлив датум, односно секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кој пак празник е точно една недела пред Велигден. На Лазарева сабота се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар,  извршено од Исус Христос.

Цветници се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и следбеници со цвеќе и врбови гранчиња како и со својата облека, му го постилале патот.

Од гостиварското архиерејско намесништво информираат за распоредот на богослужбите во Гостивар за овие празници:

Свето Благовештение (петок), богослужба во Св. Петка, 8 часот

Лазарева сабота (сабота), богослужба храм Пресвета Богородица, 8ч.

Цветници (недела), богослужба храм Пресвета Богородица, 8ч

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена