Гостивар
Расте бројот на наркозависници во Гостивар, марихуаната и хероинот најкористени наркотици

Вознемирувачки тренд на зголемување на бројката на зависници од дроги на гостиварското подрачје, бележат познавачите на состојбите и организации кои се занимаваат со оваа проблематика. Злоупотребата на разни наркотици зазема големи размери и е раширена меѓу сите генерации. Особено е алармантно што меѓу корисниците има и многу малолетници. Невладината ХЕЛП од Гостивар, која долги години спроведува програма за заштита на корисници на дроги, во евиденцијата има вкупно 1.380 зависници кои им се обратиле за некаков вид на помош. Минатата година пак, како нови запишани се 14 корисници.
„Во Гостивар за жал постојано расте бројот на зависници од наркотични средства, а значително се зголемува и бројот на малолетни зависници. Минатата година имавме 14 лица нови, кои за прв пат побарале помош од нашата организација, дали во вид на советување, препраќање во друга установа, тестирање за сексуално преносливи инфекции и сл. Преку програмата за заштита на лица кои инјектираат дроги обезбедуваме размена на игли и шприцеви, кондоми и лубриканти, како и лабараториски испитувања за ХИВ/СИДА. Исто така, даваме и други услуги како придружба на пациент до здравстева установа или до друг сервис на невладина организаицја кој ние го немаме.“, вели Зоран Попоски, претседател на ХЕЛП.
Нивните сознанија покажуваат дека меѓу корисниците најзастапена е марихуаната, па потоа хероинот. Кокаинот иако поретко, исто така е присутен меѓу зависниците во Гостивар. По дрога посегнуваат луѓе од сите општествени слоеви, и социјално загрозени, лица од дисфункционални семејства, но и добро материјално ситуирани. Правила нема, подвлекува Попоски:
„Апсолутно ги има од сите слоеви. Порано можеби беше забележливо дека со користење повеќе почнуваа малолетници од нефункционални семејства, но тоа е веќе променето. Обично посиромашните деца со проблеми дома, посегнуваат по дрога заради ситуацијата во која се наоѓаат, како некој вид бегство. Од условно кажано побогатите семејства пак, тоа го прават поради немање доволно внимание од родителите.“
Во канџите на дрогата лесно е да се потпадне, додека извлекувањето е тешко и бавно. За зависниците од Гостивар кои сакаат да се лекуваат голема пречка е што во градот нема Центар за третман и за метадонска терапија мора секојдневно да аптуваат до Тетово.
„За жал, и покрај толку укажувања и барања, Гостивар се‘ уште нема метадонски центар, каде зависици што се на хероин би прешле на метадонска терапија под медицински надзор. Ниту во здравствените установи нема такво одделение кое би ги третирало зависниците и затоа се препраќаат во Тетово каде има Центар. Од Гостивар на метадонска терапија има околу 40 лица кои секојдневно патуваат до Тетово за да ја земат терапијата. И во манастирот „Св. Јован Бигорски“ има околу 20-тина зависници кои таму се на рехабилитација. Зависноста од дрога е многу специфична, имаме примери кога од хероин кога преминуваат на метадонска терапија, тоа е сепак контролирано земање и тие ги сметаме како излекувани, бидејќи функционираат во општетсвото како секој нормален човек. Има и лица кои се откажале од дрогата комплетно, целосно, но сепак тоа се ретки случаи“, наведува Попоски.
Најмладиот зависник фатен со дрога во Гостивар имал само 9 години. Полициските билтени речиси секојдневно регистрираат случаи на приведувања заради наркотични средства, меѓу кои значителен дел со млади или малолетни лица.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава