Поврзи се со нас

Вести

Разговор со Илир Адеми, директор на основно музичко училиште „Енвер Стафаи“

Објавено

на

„Гостивар има талентирани млади музичари“

 Во пресрет на партониот празник на основното музичко училиште во Гостивар, кој се прославува на 30 март, направивме разговор со директорот Илир Адеми. Во продолжение прочитајте – има ли Гостивар музикални деца, каков е интересот за посетување на професионално музичко училиште, дали освен клавир и хармоника во иднина ќе се изучуваат и други инструменти…

 – Посетувањето на основното музичко училиште не е задолжително, туку е по желба и волја на родителите и децата. Каков интерес бележите во последните години за упис и следење на наставата?

Илир Адеми: Може да заклучам дека интересот се зголемува. За разлика од претходно, во последните години имаме поголем број на нови ученици кои се одлучуваат да се школуваат кај нас. Многу родители доаѓаат, се интересираат и ги запишуваат децата. И навистина има музички талентирани деца. Оваа учебна година имаме над 150 ученици, во настава на трите јазици, албански, македонски и турски. Сите тие се редовни и искажуваат задоволство од часовите и целото организирање на наставата. Со оглед на тоа дека училиштето се наоѓа малку подалеку од централното подрачје, обезбедуваме и превоз за учениците.

– Сепак, се чини дека недостасува кадар, има потреба од проширување на понудата на инструменти што се изучуваат. Кои мерки се преземаат во тој правец? Може ли да очекуваме новини наредната учебна година?

Илир Адеми:Ние повеќе години наназад доставуваме барања до Министерството за образование и Министерството за финансии за нови вработувања. Потребно е да ја прошириме понудата со професори по гитара, флејта, виолина. До сега, не сме добиле одобрение, но се надевам дека веќе следната учебна година ќе може да се пофалиме и со таков новитет. Инаку, актуелно учениците задолжително изучуваат солфеж, а од инструменти ги имаме клавир и хармоника.

– Во мај започнуваат уписите на нови ученици во музичкото училиште. Што би им порачале на родителите и децата, зошто е добро да станат дел од вашиот музички свет?

Илир Адеми: Сакам да ги повикам сите родители кои се љубители на уметноста, да дојдат и да ги запишат своите деца во нашето училиште. Ние сме перспективно школо, а треба да се нагласи и дека посетувањето на нашето училиште им помага на учениците од најмала возраст во школувањето во нивните матични училишта, во нивниот развој и креативност. Исто така, ја користам оваа прилика, да ги поканам граѓаните на Гостивар на прославата на нашиот патронат, на 30 март. Свечениот концерт ќе се одржи во Центарот за култура, со почеток во 17 часот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена