Здравје и убавина
Развивајте навики кои ќе ви помогнат да ослабнете
Ах, тој вишок на килограми! Мака на многумина од нас. Не е лесно да се отстранат и да се задржи витко тело и нема магично стапче кое ќе ни заврши работа. Сепак има неколку навики што можат да помогнат во тој правец.
Појадок, појадок, појадок
Прескокнувањето на појадокот за да го продолжите сонот за 10 минути, го намалува потенцијалот за губење на килограмите. Истражување при Универзитетот Бат открива дека појадокот е најдобар начин за да се забрза согорувањето на мастите. Поместете го алармот 10 минути порано и ќе успеете да согорите дополнително 442 калории секој ден.
Изџвакајте ги мастите
Изборете се со вишокот килограми со помош на гума за џвакање. Весникот Psychology and Behavior открива дека едно пакување Wrigley гуми за џвакање го редуцира кортизолот – хормонот за стрес кој го поттикува вашето тело да ги складира мастите. Освен тоа, тие го насочуваат кислородот и гликозата кон мозокот што значително ја подобрува концентрацијата.
Јадете без грижа на совеста
Држењето диета не значи да се изгладнувате. Наполнете ја вашата чинија со зеленчук, влакна, продукти кои содржат вода, за подолго време да останете сити. Без грижа на совеста.
Зачини и лути пиперчиња
Зачините не само што ќе го забрзаат вашиот метаболизам туку и подолго ќе ве држат сити. Истражување, објавено во весникот Appetite, открива дека еден грам лути пиперки е доволен да ве држи сити и со 25% помалку калории од вообичаено.
Сон
Според истражување за магазинот The American Journal of Epidemiology, процесот на согорување масти се забрзува за 30% ако спиете најмалку 7 часа навечер.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди