Македонија
РСБСП со апел: Помала брзина за помалку жртви на патиштата
Објавено
пред 2 годинина

Мобилност, безбедност и заштита на животната средина се трите клучни приоритети и цели кога станува збор за ограничување на брзината на патиштата.
Секогаш постојат ситуации каде без оглед на брзината со која се движат возилата во сообраќајот, сообраќајните незгоди се случуваат поради човечка грешка, недостатоци на патната или на сообраќајната инфраструктура, техничка неисправност на возилото или друга непредвидена ситуација. Ваквите ситуации се во минимален број и во такви околности сообраќајните незгоди нaјчесто завршуваат со не-фатални последици.
Согласно тоа, брзината т.е. брзото и неодговорно однесување во сообраќајот и понатаму останува главна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици. Во одредени ситуации, намалувањето на брзината на возење од само 5 километри на час може да биде клучно дали одредена незгода ќе се случи или не, и дали последиците од незгодата ќе бидат фатални или не.Во 2017 година, во Република Македонија, 155 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од нив 72 лица (46,45%) се загинати како последица на брзото возење.
Според одредени истражувања, возачите кои прават само по еден прекршок годишно, а се однесува на правилата за ограничување на брзината (санкциониран од полиција), се наоѓаат во двојно поголем ризик да учествуваат и да настрадаат во сообраќајна незгода.
Според истражувањето на РСБСП, во Република Македонија, повеќе од 80% од анкетираните возачи изјавиле дека некогаш ги имаат прекршено правилата за ограничување на брзината што укажува на сериозноста на проблемот и на неговото потценување од страна на возачите.
Слична е ситуацијата и на светско ниво. Неодамнешна студија на Brake and Direct Line покажува дека 26% од возачите „редовно“ ја пречекоруваат дозволената брзина во зони на смирен сообраќај каде што брзината на возилата е ограничена со цел да се заштитат децата во сообраќајот, додека од 40 до 50% од возачите признават дека „редовно“ возат со поголеми брзини од дозволените, надвор од зоните на смирен сообраќај.
Брзината е критичен фактор во сите сообраќајни незгоди. Возењето е непредвидливо и доколку се случи нешто што не можете да го предвидите, брзината е клучниот фактор што ќе биде пресуден дали ќе можете да го застанете возилото на време.
Бројките најдобро говорат за важноста на брзината во моменти кога запирањето на возилото на време е клучно за избегнување сообраќајна незгода и за таа цел во прилог ви даваме неколку важни информации за брзината и сопирачкиот пат на возилото.
- Со брзина од 32km/h оптималната дистанца потребна за запирање е 12m
- Со брзина од 48km/h оптималната дистанца потребна за запирање е 23m
- Со брзина од 64 km/h оптималната дистанца потребна за запирање е 36m
- Со брзина од 80km/h оптималната дистанца потребна за запирање е 53m
- Со брзина од 96km/h оптималната дистанца потребна за запирање е 73m
- Со брзина од 112km/h оптималната дистанца потребна за запирање е 96m
Брзините погоре се калкулирани според време на реакција од 0.67 секуди, со претпоставка дека возачот е целосно сконцентриран и не му се намалени рефлексите од умор.
Заштеда на гориво и заштита на животната средина
Базирано на една симулација, намалувањето на брзината на автопат од 120 до 110 km/h може да придонесе за намалување на потрошувачката на гориво кај современите автомобили за 12 до 18%, со претпоставка дека лимитот за брзината се почитува 100%.
Со пореални очекувања, намалувањето на потрошувачката на гориво би било околу 4 до 5% што сепак е значително ако се земе во предвид дека на дестинација од 200 km/h патувањето би било подолго за само 8 до 9 минути.
Значителни заштеди на гориво можат да се постигнат со мотивирање на возачите да го почитуваат ограничувањето на брзинатаи со „еко-возење“кое се базира на возење со конзистентност и помала брзина.
Намалувањето на брзината ги намалува и издувните емисии на автомобилите, особено ПМ честичките од дизел возилата.
Бавното и смирено возење ги намалува емисиите на штетни издувни гасови. Според истражувањето на една германска организација, намалувањето на брзината од 50 km/h на 30 km/h при смирено возење ги намалува издувните емисии на автомобилите и заштедува гориво, но дури и при агресивно возење со помала брзина истражувањето вели дека иако потрошувачката на гориво е поголема, издувните емисии сепак се на пониско ниво, што покажува дека брзината е клучниот фактор за спречување на загадувањето на животната средина кога станува збор за автомобилскиот сообраќај.
Согласно наведеното, РСБСП со апел до возачите: „За поголема безбедност, за помал број настрадани лица во сообраќајни незгоди, за подобра мобилност, за заштеда на гориво и заштита на животната средина – намали ја брзината и почитувај ги правилата за ограничување на брзината.
АНКЕТА:

403 нови случаи на ковид-19 во земјава

Гостиварката д-р Хатије по вакцинирањето: Немам никакви несакани ефекти, вакцината е светлина на крајот на тунелот

„Дарувај Крв“ – мобилна апликација за крводарители на гостиварецот Александар Богданоски

Гостиварец пријавил измама – останал без „бмв“ , „крајслер“ и пари

Болницата во Гостивар подновена со опрема и апаратура вредна 50.000 евра

Викенд временска прогноза

Три жртви на ковид од регион на Гостивар меѓу кои и млад гостиварец

Бебешкиот плач во Гостивар се слуша и во пандемија, 583 бебиња родени лани

Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

На „купувам домашно“ нема опција за приговор за граѓани на Гостивар

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка