Поврзи се со нас

Гостивар

Сафет Алили, иселеник од Присојница донира медицински помагала за здравствени установи

Објавено

на

Сафет Алили, од долнореканското село Присојница, иселеник во Луксембур, изминатиот период донираше медицински помагала за неколку здравствени клиники.

„По донацијата во Здравствениот дом „Русе Бошкоски“ во Ростуше, деновиве доставивме донација од медицински помагала, инвалидски колички, дигалки за пациенти и друго и за потребите на Клиниките за онкологија, трауматологија, хирургија, ортопедија, во Скопје, онаму каде што во мометов се најпотребни. Дел од помошта ќе има и за Општата болница во Дебар. Овој пат станува збор за над 500 медицински помагала“, рече Алили за МИА.

Додава дека ова е трет хуманитарен проект што го реализира заедно со неговите најблиски преку хуманитарната асоцијација „Letzcare“ во Луксембург, каде што живее со фамилијата, а тука во татковината главни партнери им се Здравствениот дом во Ростуше, општина Маврово и Ростуше и Националниот парк „Маврово“.

„Помошта никогаш не е доволна. Свесни сме дека истата им е потребна и на други. Продолжуваме со мотото „материјалното богатство споделете го со друг, оној кому му е потребно“. Ова е трет проект. Почетокот беже тежок но сега нештата се поедноставени. Со првиот проект дониравме медицински помагала, опрема, апарати за Здравствениот дом во Ростуше и Заводот за белодробни заболувања во Отешево, за каде беше донирана помош во рамки на второт проект. Со третиот проект, освен медицински помагала дониравме и учиштен инвентар“, додава тој.

Се подготвуваат и за следна донација, која ќе се состои од 100 компјутери наменети за училиштата во општина Маврово и Ростуше, за што се чека само на потребната административна процедура.

Родителите на Сафет Алили потекнуваат од селото Присојница, Долна Река, општина Маврово Ростуше, роден е и живел во Тетово, а од 1991 година живее во Луксембург, со неговото и семејствата на неговите браќа, кои заедно се вклучени во хуманитарните активности.

„Кога доаѓам во татковината тогаш тоа е Присојница, тука ми е најубаво. Апелирам татковината да ја помагаат и други наши иселеници, зашто таа се сака со дела а не само со зборови“, порачува Алили.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 8 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 9 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 12 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 15 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 1 ден

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 1 ден

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 1 ден

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 1 ден

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 дена

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена