Вести
Мармалад од костени – Совршен рецепт за овој период
Мармаладот од костени во Франција и Италија е кулинарско задоволство во кое често се ужива. Освен што е вкусен има и благодатно влијание врз здравјето бидејќи изобилува со витамини и минерали. Ако барате нов начин за да ги искористите плодовите на есента, мармаладот е одлична идеја, бидејќи се става во темен простор и на ладно место, па може да стои со месеци.
Домашно подготвениот е подобра алтернатива, отколку да купите готов мармалад, со оглед на тоа што вие сами ги одбирате состојките и знаете точно што содржи. Костените треба прво да се сварат, а за да полесно ги излупите, подобро е прво да ги скршите на половина и да ги потиснете под преса за лук.
Состојки:
1 кг костени
400 гр шеќер
400 мл вода
1 мешунка со ванилија
1 лажица рум
Кори од два портокала
Подготовка:
- Костените засечете ги малку и ставете ги во ладна вода, па варете ги половина час. Откако ќе се сварат, излупете и измиксирајте ги во вид на пире.
- Сварете сируп од вода, шеќер и корите од портокалите, околу 15 минути, па процедете.
- Сирупот додајте го во пирето од костени и мешунката со ванилија, па смесата варете ја на слаб оган, околу половина час или додека не се згусне.
- Извадете ја мешунката и додајте рум.
- Во печката стерилизирајте тегли, па ставете ја жешката мармалада во нив и ставете го капачето. Свртете ги наопаку теглите, па ставете ги на ладно и мрачно место кога ќе се оладат.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар