Вести
Самоопределување на Албин Курти победник на предвремените избори во Косово

Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово соопшти дека, врз основа на повеќе од 97,61 проценти преброени гласови, Движењето Самоопределување на Албин Курти освои 48,13 проценти од гласовите (374.904 гласа) на предвремените парламентарни избори или 55 места во косовското собрание.
Демократската партија на Косово со 17,35 проценти (135.002 гласа), Демократскиот сојуз на Косово со 13,18 проценти (102.612 гласови), Алијансата за иднината на Косово со 7,40 проценти (57,777 гласови), Српската листа 5, 27 проценти (40.758 гласа) и Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) со освоени 2, 59 проценти од гласовите (20.189 гласови).
Избирачките места беа затворени во 19 часот, а како што објави ЦИК, излезноста е 45,56 проценти.
На осмите по ред повеќепартиски избори за пратеници во законодавниот дом на Република Косово, учествуваа 28 политички субјекти, од кои 21 политичка партија, две коалиции и пет граѓански иницијативи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче