Гостивар
Се чистат дивите депонии низ Гостивар, ќе има казни за оние што фрлаат отпад насекаде

Наместо во контејнери, несовесни поединци ѓубрето го фрлаат каде ќе стигнат со што на доста локации на подрачјето на Гостивар се создаваат диви депонии. Освен комунален отпад се фрла и градежен шут, облека, мебел…За глетките од таквите места малку е да се каже дека се непријатни. Освен тоа се загадува животната средина, а може да станат и извор на зарази.
Изминатиот период гостиварската локална самоуправа преку Јавното претпријатие „Комуналец“ спроведе повеќе акции за чистење на диви депонии. Купишта отпад беа отстранети од областа кај старите касарни, Мало Турчане, Чегране, покрај локалните патишта што водат до селата, а последната акција беше пред неколку дена во населбата Циглана. Од општината апелираат граѓаните да не го одлагаат отпадот насекаде и најавуваат воведување на казни за оние кои нема да ги почитуваат правилата.
„Спроведени се повеќе акции за чистење на диви депонии, и тие ќе продолжат во наредниот период. Но, забележуваме дека и откако ќе се исчисти просторот по извесно време, пак на истото место се прави нова депонија. Апелираме до граѓаните за повиска еколошка свест, да го фрлаат отпадот на места предвидени за тоа. За чиста животна средина услов се три компоненти: вода, воздух и почва. Мора секој од нас да даде придонес во нивното зачувување. Градоначалникот најави дека ќе почнеме и со казни. Заедно со комуналните редари и комуналните инспектори ќе направиме состанок и ќе бараме да почнат да делуваат и со казни, затоа што крајно време е да имаме чиста животна средина.“, вели раководителот на Секторот за животна средина, Зуди Џелили.
Најкритични точки каде што постојано се формираат диви депонии се патиштата до селата, како на пример кон Куново, Печково, Корито итн.
Џелили информира дека во тек е акција за чистење која ја спроведува Министерството за животна средина во шарпланински села, а на гостиварска територија е опфатен атарот на селото Печково. По отстранување на ѓубриштата, локалната самоуправа ќе ги обезбеди локациите за да не се создаваат нови депони.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава