Македонија
Се крчка нов закон за основно: Нема работа во сабота, наставник по физичко од 1-во одделение, тест на знаење на крај година без оценки…

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми денес ги презентираше новините во Предлог-Законот за основно образование, чија примена би требало да започне од септември.
Законот содржи одредби кои значат измени во наставниот процес, во статусот и правата на наставниците во основните училишта и зајакнување на темелните уставни вредности во образовниот процес, како што се недискриминацијата, забраната за понижувачко постапување спрема учениците и градење на свест за казнивоста на говорот на омраза, преземање обврски заради непречено остварување на правото на образование на децата со посебни потреби и прераснување на посебните училишта во ресурсни центри.
Меѓу другото се предвидува, пропуштените наставни денови да не се одработуваат во саботите, туку на крајот од учебната година. Ова значи дека датумот на завршување на учебната година ќе биде флексибилин, а не како досега фиксен на 10-ти јуни.
Измени се планираат и за бројот на ученици во една паралелка. Наместо досегашниот минимален број од 24 ученици, како минимален праг се утврдува бројка од 20, додека максимумот е одреден на 30 ученици. Во комбинирани паралелки ќе може да има најмногу до 10 ученици.
„Ќе работиме поквалитетно да се организира времето поминато на училиште со содржини и можности учениците да се вклучат во поголем број практични активности. Наставниот процес и натаму ќе се утврдува со календар на настава.“, рече Адеми.
Измените предвидуваат за основците од нижите одделенија, за наставата по физичко воспитување да се воведе втор наставник по физичка и здравствена култура.
Ако помине предлог-законот тогаш, учениците ќе имаат надворешно тестирање на крајот на секоја година, и со него ќе се утврди колку научиле, но резултатите од тие тестови нема да влијаат на нивните оценки, ниту на оценките на наставниците.
Нацрт закон за основно образование треба да го мине собранискиот филтер до крајот на летово.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош