Македонија
Се менува Законот за празниците – ќе има нови 10 празници?
Предлог-измените на Законот за празници, денеска ќе се најдат на дневен ред на седница на собраниската законодавно-правна комисија.
Група пратеници предлагаат да се воведат нови 10 празници и тоа:
– 8 февруари, ден на словенската култура, за припадниците на словенечката заедница.
– 15 март, национален ден на Унгарците, за припадниците на унгарската заедница.
– 3 мај, национален ден на Пољаците, за припадниците на полската заедница.
– 24 јуни, меѓународен ден на Балканските Египќани, за припадниците на египќанската заедница.
– 25 јуни, национален ден на Хрватите, за припадниците на хрватската заедница.
– 13 јули, национален ден на Црна Гора, за припадниците на црногорската заедница.
– 21 септември, национален ден на Ерменците, за припадниците на ерменската заедница.
– 22 септември, ден на независноста на Бугарија, за припадниците на бугарската заедница.
– 28 октомври, ден на независноста на Грција, за припадниците на грчката заедница.
– 4 ноември, национален ден на Русите, за припадниците на руската заедница.
„Во Република Северна Македонија покрај заедниците кои таксативно се набројуваат во Преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, врз основа на податоците од последниот попис на населението, живеат уште и припадници на етничките заедници на Египќаните, Црногорците, Хрватите, Словенците, Пољаците, Унгарците, Украниците, Русите, Ерменците, Бугарите и Грците. Овие заедници се организирани во соодветни здруженија на граѓани, со што го негуваат својот културен и етнички идентитет. Со усвојување на предложените изменувања и дополнувања на Законот за празниците ќе се укине дискриминацијата и исклучувањето што го генерира овој Закон врз припадниците на заедниците кои се познати како „другите“ од Премамбулата. Во рамките на духот на градењето на концептот за развој на едно општество за сите и оваа категорија на граѓани ќе бидат рамноправни и со еднакви можности со останатите граѓани кои имаат право да имаат свој неработен ден, што е значаен за соодветната сопствена историјата, културата и идентитетот на посебната заедница.“, се вели во образложението на предлог-измените.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок