Вести
Се намалува наградниот фонд за МојДДВ-Моја награда

Со цел помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот COVID-19, наградниот фонд на наградната игра „Мој ДДВ-Моја награда“ ќе биде намален, соопшти Министерството за финансии со напомена дека разликата во средствата ќе биде уплатена во Фондот за побрзо заздравување на економско-здравствената криза.
Ова се измените на наградите:
-Наместо 10 дневни награди по 1000 ден, 2000 ден. и 3000 ден. ќе се доделуваат 30 награди секој ден од по 1000 ден.
-Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена – ќе се доделуваат 15 награди од по 20.000 ден. (наместо 100.000 ден.).
-Месечното извлекување за јули ќе се изврши согласно постојните правила! на 4 Јули ќе се одржи извлекувањето за 15 награди од по 100.000 денари во кое учествуваат сите скенирани фискални сметки во месеците април, мај и јуни.
-Главното извлекување на 19 декмври ќе се доделат 1.000.000 денари (наместо иницијално предвидените 3.000.000 ден.)
„Со оваа измена ќе се доделат повеќе награди на повеќе граѓани кои скенираат сметки и учествуваат во борбата против сивата економија и воедно ќе се овозможи 9.7 милиони денари од наградниот фонд да бидат донирани кон солидарниот ковид фонд за социо-економски мерки за справување со кризата.“, соопшти минисерката Нина Ангеловска.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар