Поврзи се со нас

Македонија

Се воведува нов електронски дневник за просветниот кадар

Објавено

на

Од денес Министерството за образование и наука има нов информациски систем за управување со образованието, кој вклучува и нов електронски дневник што ќе ги надмине предизвиците со кои се соочуваа корисниците во изминатиот период. Изработката е финансирана со средства од ИПА фондовите на Европската унија, а на промоцијата и примопредавањето на новото софтверско решение присуствуваше и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

„Очекувам новиот информациски систем да биде доста ефикасен, бидејќи ќе претставува единствен систем, односно база на податоци и ќе ги спои двата досегашни најголеми системи за административна работа на училиштата. Понатаму, ќе воспостави добри контролни механизми, зголемена употреба, подобрена интеграција и генерално користење на нова технологија со различни можности за анализа и обработка на податоци, кои ни требаат за носење квалитетни одлуки базирани на факти“, рече министерката Јаневска.

Таа особено се осврна на новиот електронски дневник, како најмногу користена алатка за водење на педагошка евиденција од страна на наставниците, но и информатор од интерес на родителите и старателите на учениците.

„И тој треба да надмине низа предизвици со кои корисниците се соочуваа во изминатите години. Јас ќе посочам банален пример – очекуваме, наставниците повеќе да не седат будни доцна во ноќта кога интернет сообраќајот и платформата не се оптоварени, за да внесуваат оценки, изостаноци и така натаму“, рече Јаневска.

Додаде дека веќе погледнала како функционира новиот електронски дневник и дека без разлика на нејзините сугестии за надградба кои ги има поради промените што ќе следат во образованието, конечниот збор за финалното решение пред да биде имплементирано во пракса, ќе го имаат оние што најмногу ќе треба да го користат.

„Ова ново софтверско решение ќе го примениме по успешно заокружување на сите подготвителни активности. Како што напоменав, ќе има дополнителни адаптирања и тест период, потоа ќе биде потребна квалитетна обука за сите засегнати, како и мигрирање на податоците од постојниот систем“, нагласи Јаневска, додавајќи дека во следниот период Министерството за образование и наука ќе се фокусира на искористување и на останатите можности од Инструментот за претпристапна помош во интерес на дигитализацијата на образованието и поквалитетно функционирање на воспитно – образовниот систем.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Технологијапред 13 часа

Google Translate сега знае уште 110 јазици благодарение на вештачката интелигенција

Гостиварпред 14 часа

За 15% покачена бројката на вакцинирани деца против голема кашлица во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Плакети и благодарници за крводарителите во Гостивар

Гостиварпред 17 часа

Разрешен директорот на болницата во Гостивар, кој ќе биде назначен за в.д.?

Македонијапред 18 часа

Нови именувања на функционери во Влада, УЈП, Царина…

Македонијапред 18 часа

Управата за водење матични книги ќе влезе под надлежност на Министерството за дигитална трансформација

Гостиварпред 20 часа

Напад од бездомно куче во Пожаране

Македонијапред 21 час

МојДДВ продолжува со примена, за Граѓанскaта обврзница ќе треба да се врати довербата во системот-рече Димитриеска-Кочоска

Гостиварпред 21 час

ЦУК: Стабилни водостоите на реките во Тетовско и Гостиварско, патните правци проодни

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена