Поврзи се со нас

Гостивар

Се замрзнуваат на цените на основните продукти во продавниците

Објавено

на

Владата доцна синоќа на 20-тата седница донесе Одлука за замрзнување на цените на основните продукти и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

Тоа значи дека трговците нема да смеат да ги зголемуваат цените на основните производи повеќе од цената што тие продукти ја имале на денот кога СЗО прогласи пандемија, односно 11 март.

Пазарниот инспекторат е задолжен да изврши вонредна контрола на магацините и дистрибутивните центри за да ја утврди ситуацијата за можни скриени залихи на основни прехранбени производи и воедно да ја следи ситуацијата од аспект на несоодветно покачување на цените и за тоа редовно, на секои три дена, да ја информира Владата.

На вчерашната седница Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Министерството за здравство да ја разгледаат можноста преку соодветен начин сите лица кои се затекнати во своите викенд куќи за одмор и рекреација кои се наоѓаат внатре во подрачјата на општините на кои постои кризна состојба или во непосредна околина на истите (Маврово и Ростуша), безбедно да ги напуштат своите викенд куќи за престој, по претходна проверка од страна на епидемиолози.

Доколку не е можно спроведување и реализирање на оваа мерка, да се преземат мерки и активности од надлежните институции за редовен дотур на храна и продукти неопходни за овие лица.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 4 часа

Зошто симптомите на настинка се влошуваат навечер?

Спортпред 4 часа

Висар Муслиу продолжува во белгиски Сент Труден

Гостиварпред 8 часа

На повидок решение за каналот за наводнување во Гостивар поради кој протестираа земјоделци

Македонијапред 10 часа

Какви мерки ќе преземе Владата за високите цени на храната ќе се знае деновиве

Гостиварпред 11 часа

Ќе се избираат пет судии во Основен суд Гостивар

Гостиварпред 11 часа

Оглас за избор на 47 јавни обвинители од кои 2 во ОЈО Гостивар

Светпред 12 часа

УСАИД: Сите вработени на административен одмор од сабота, освен персоналот на клучните функции

Деца Родителипред 15 часа

Како да воспитате деца кои ќе сакаат да се дружат и да бидат блиски со вас кога ќе пораснат?

Спортпред 1 ден

Младите мечувалци од клубот „Витез“ од Гостивар успешни на Државното првенство

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 2 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 1 недела

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 3 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена