Поврзи се со нас

Гостивар

Се зголемува бројот на корона позитивни деца и млади од 10 до 19 години

Објавено

на

Во периодот од 15 до 21 март во земјава направени се вкупно 24.517 ковид тестови и регистрирани сe 6.899 нови позитивни случаи, што зголемување од 26,4% во однос на минатата недела, покажуваат анализите на Институтот за јавно здравје. Процентот на позитивност се движи просечно 27,9%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 3.441. Во Гостивар потврдени 186.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.772). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (1.303), 40-49 (1.272), 50-59 (1.210) и 20-29 (864). Кај децата од 0-9 регистрирани се 144 и од 10-19 години – 334 случаи. Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10-19 (33,1%), 50-59 (32,1%) и 40-49 (30,2%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.343 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 22,1% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 158 смртни случаи од 27 градови, 22,5% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лицa биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, три лица од возрасната група 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена