Поврзи се со нас

Што, како, каде?!

#Седидома: Посетете некоја online претстава, концерт, музеј или опера удобно сместени од вашиот дом

Објавено

на

Седи дома, е пораката која најчесто ја слушаме последниве денови. Без двоумење, препораките од Владата и од Светската здравствена организација задолжително мора да се почитуваат, не заради нив, туку заради нас, со цел да си го заштитиме здравјето. За да го „олесниме“ седењето дома, ви пренесуваме предлог листа на настани кои може да ги следите online, удобно сместени од вашиот дом.

Македонскиот народен театар веќе започна со online изведби на претставите и се пофалија со голема посетеност на нивниот youtube канал. Во наредниве денови, на репертоарот од 20 часот, ќе се играат представите: “Парите се отепувачка“ (20-ти Март),“Да тргнеме Сењор“ (23-ти Март), “Мајсторот и Маргарита“ (24-ти Март). Претставите може да ги следите на следниов линк.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА

Театарот за деца и младинци, во соработка со МРТВ секоја недела, почнувајќи од 22-ри Март во 12 часот ќе емитува по една претстава за најмладите. Оваа недела ќе се емитува представата “Убавицата и ѕверот“.

Народниот театар Охрид и центарот за култура “Григор Прличев“ на нивниот youtube канал им овозможуваат на граѓаните да ги следат нивните претстави во изведба на актерите од Народен театар Охрид, односно претставата “Балканска 3а /2“ од Дјан Дуковски, во режија на Ана Батева.

Исто така претставата “Волшебникот од Оз“ на Кумановскиот театар може да се проследи на следниот линк, а ќе бидат поставени и претставите  “Ревизор“, “Јованче и Марика“, “Бегај, еве ја жена ти“, “Околиска болница“.

Остани дома, остани во чекор со “Танец“, е пораката што ни ја испраќа најголемиот чувар на македонскиот музичко-сценски фолклор. На нивниот youtube канал, “Танец“ ќе овозможи ексклузивно следење на сите нивни концерти од минатогодишната јубилејна сезона, која се одвиваше под мотото “Остани во чекор“. Секоја сабота почнувајќи од 21-ви Март.

Скопје танцовиот театар од 23-ти Март, понеделник, во периодот меѓу 18 и 20 часот, ќе започне со бесплатно емитување на претстави во сопствена продукција, од архивата со која располага, со цел да допре до публиката и сите љубители на танцот. “Емитувањата ќе бидат преку Јутјуб каналот на Скопје танцовиот театар, секој работен ден, од понеделник до петок, додека за репертоарот и дополнителните активности јавноста секојдневно ќе биде информирана“ – соопшти Скопје танцов театар.

За љубителите на класичната музика на следниов линк може да изберете преноси и снимки од низа класични концерти кои се одржуваат во светот, додека Виенската опера, оваа врвна уметничка институција отвора лајвстрим за љубителите на музиката ширум светот да може да уживаат во нивните оперски и балетски изведби. Ќе се емитуваат снимки од претходни изведби на стриминг платформата www.staatsoperlive.com и тоа бесплатно. Снимките почнуваат во 17, односно 19 часот по средноевропско време и ќе бидат достапни 24 часа.

А кога сме кај светската културна дејност на следниов линк може, виртуелно да посетите некои од најбогатите и најпознати музеи во светот како The Louvre во Париз, The Solomon R. Guggenheim museum бо Њу Јорк, The National Gallery of Art во Вашингтон, The British Museum во Лондон, National Museum of Natural History исто така во Вашингтон и др.

Интересно е и да споменеме дека документарни филмови, меѓу кои и нашиот “Медена земја“, се понудени бесплатно да се гледаат на платформата volimdokumentarce.net со цел граѓаните од регионот полесно да ги поминат деновите во излолација поради пандемијата со коронавирусот Ковид-19, како што велат од хрватската организација „Рестарт“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена