Вести
Семејство од Циглана бара помош: Немаме ни за леб, ни за лекови
Во мизерни услови, без пари за храна, со здравствени проблеми, во солзи и очај. Вака тричленото семејство Јосифоски од гостиварската населба Циглана го живее своето секојдневие. Минималната социјална помош и парите што ги добива ќерката Радица како надоместок заради попреченост во развојот, не се ни оддалеку доволно за да се покријат трошоците. Јосифоски велат дека и тие пари не ги добиваат редовно, па често освен бајат леб немаат ништо друго за јадење. Со надеж дека некој ќе им излезе во пресрет и ќе им пружи помош, ја споделија својата мака во јавноста.
„Немаме никакви услови, не можам ни на детето да му ја пружам негата што му е потребна. Без купатило, во мизерија. А таа не може сама, јас мора да ја хранам, да се снајдам да ја избањам. И пелени носи, да и ставам. Бајат леб јадеме, како кучињата, за друго нема. Струја не можеме да платиме, за сметки за вода не тужат. Баравме помош, во некои училишта собираа па ни дадоа пари, благодарни сме и на малку. Не можеме да издржиме и ни треба помош. Затоа и се обративме вака јавно, да се чуе и да се види во јавноста. Кој колку и што може да ни помогне, било да е храна, средства за хигиена, било што, ништо немаме. Еве девојчето цела зима кашла, јас немам пари еден сируп да и купам. Мажот треба во Скопје на болница да оди, со кои пари ќе оди?“, низ солзи зборуваше Гајта Јосифоска.
Таткото Милотин, поради нарушено здравје не може да бара работа, пензија не прима, а мајката мора да се грижи за Радица. Семејството поднело барање за надоместок за туѓа нега со оглед на тоа што Радица не може сама да ги извршува основните потреби, но биле одбиени.
Не гледајќи друг излез, јавно се обраќаат до сите институции, граѓани и фирми за помош.
За зрак светлина во единствената соба што ја имаат за Јосифоски, последната надеж лежи во хуманоста на граѓаните и освестување на институциите.
Контакт со семејството на тел. 078 743 519
-
Гостиварпред 4 недели
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 5 дена
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 дена
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: Благица Димитровска | ПРОБЛЕМИТЕ И МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
6 Comments