Поврзи се со нас

Занимливости

„Сестри“ е првиот македонски филм што ќе се прикажува на „Нетфликс“

Објавено

на

Филмот „Сестри“ е првиот долгометражен филм на младата македонска режисерска Дина Дума. Овој филм ќе биде првиот македонски филм што ќе се прикажува на Нетфликс, а неговата премиера ќе биде во петок.

„Сестри“ имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, еден од најстарите филмски фестивали од рангот на фестивалите од Кан, Венеција, Берлин и слични. Таму ја освои Специјалната награда на жирито во програмата Источно од Западот. Македонската премиера беше на Фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

„Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Продуцентка е Марија Димитрова, сценариото е на Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, сценографијата на Кирил Спасевски и Симо Бранов, монтажер е Мартин Иванов, костимите се на Роза Трајческа – Ристовска, а шминката е на Жанета Димитриевска.

Филмот е кандидат и за Оскар за најдобар меѓународен филм за 2022 година.
Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена