Македонија
Шаќири: До крајот на септември ќе бидат доставени сите учебници

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири уверува дека до крајот на септември ќе бидат доставени учебниците за сите одделенија во основното образование односно за трето и за шесто каде што поради новите наставни програми доцни распределбата на учебниците.
Очекува дека по уште еден состанок на Националната комисија за учебници кој ќе се одржи утре ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто и дека веднаш, како што рече, ќе се пристапи кон нивна техничко-графичка обработка, превод и достава во училиштата.
„Сите учебници, според податоците што ги имаме добиено во Педагошката служба, се доставени. За трето одделение, како што ветивме, доставата завршува овие денови. За шесто најавив дека во четвртокот имаше состанок Националната комисија за учебници, а утре пак ќе има уште еден состанок и имам позитивни информации дека ќе бидат одобрени и последните учебници. Доставата за се што е за оваа година ќе се заврши до крајот на септември“, изјави Шаќири.
Министерот и овојпат на новинарски прашања одговори дека доцнењето се должи на тоа што првпат по подолг период има нови наставни програми согласно кои се изработува учебник. Бирото за развој на образованието, како што рече, за програмите за трето постапило побрзо отколку за шесто одделение за кое доцнело со доставувањето на програмите.
„Барам разбирање бидејќи знаеме дека имаме одобрени учебници за прво одделение, исто како и за второ, четврто и петто и тие, во најголем дел се доставени на 1 септември, исто како и за седмо, осмо и деветто одделение. Оваа година ситуацијата се појави оттаму што имавме постапки на одобрување и постапки на печатење“, додаде Шаќири.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!