Претседателски 2019
Шалтерите за лични карти на МВР ќе работат денес и утре

Министерството за внатрешни работи извести дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела 20 и 21 април како и на 4 и 5 мај, 2019 година.
Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.
„Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (20.04.2019 година) до 16.00 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори (недела, 21 април) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот. Истото ќе важи и за вториот круг кој ќе се одржи на 5 мај, 2019 година. Барањата за лични карти ќе се примаат до 4 мај, 2019 до 16.00 часот, а на денот на изборите 5. мај ќе се издаваат во периодот од 07.00 до 19.00 часот.“,соопшти МВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести