Занимливости
Шесте најголеми научни откритија во последнава деценија – петти дел

Запознајте ги своите роднини
Последнава деценија започна со нов важен додаток во семејното стебло на човештвото: Денисовците, така наречени поради Денисовата пештера во Атлајските планини во Сибир. Научниците во 2010-та година секвенционирале ДНК од коските на градите на млада жена, откривајќи дека генетски се разликува од денешните луѓе и од неандерталците. Таинствениот хуманоид се движел, како што се верува, од Сибир до Индонезија, но неговите единствени остатоци се пронајдени на подрачјето на Алтајските планини и во Тибет.
Дознаваме и дека, за разлика од предходните предпоставки, Хомосапиенс често се парел со неандерталците и дека тие наши роднини не биле глупави дивјаци како што се верувало, туку и дека создавале вештачки творби како што се отисците на дланки во шпанската пештера. Носеле накит и ги погребувале мртвите со свеќа, како и ние. Потоа е откриен Хомо наледи, чии остатоци се пронајдени во Јужноафричка Репоблика во 2015-та година, а оваа година палеонтолозите класифицирале уште еден вид пронајден на Филипините, Хомо лузоненсиса.
Напредокот во ДНК тестирањето доведе до револуција во нашата способност да секвенцираме генетички материјал стар десетици илјади години, овозможувајќи подобро разбирање на древните миграции, како оние пастири од бронзената ера кои ги напуштиле степите пред 5.000 години, ширејќи ги индоевропските јазици во Европа и Азија.
“Тоа откритие довело до револуција и во нашата способност во проучувањето на човечката еволуција на начин на кој досега не било можно“, рекол Вагнеш Нарасимхан, генетичар на Медицинскиот факултет на Харвард. Единствено возбудливо ново подрачје во наредната деценија е палеопротеомика, која им овозможува на научниците анализа на коските стари милиони години.
“Користејќи ја таа техника, ќе биде возможно да се класифицираат многу фосили чија позиција е нејасна“, вели Аида Гомез Роблес, антрополог ви Университи Колеџот во Лондон.
Продолжува…
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче