Поврзи се со нас

Вести

Шестмесечен извештај – Една жртва, четиринаесет тешко повредени во гостиварско

Објавено

на

 

Во првите шест месеци од оваа година, на поширокото гостиварско подрачје регистрирани се вкупно 130 сообраќајни несреќи, што е 11 повеќе од истиот период лани. Според анализите на полицијата, повеќе од половината несреќи, вкупно 77 се случиле во населено место, а останатите на отворен пат.

Во сообраќајките животот го загубило едно лице, додека четиринаесет  завршиле со тешки телесни повреди. Најголемиот дел од нив биле сопатници, а имало и тројца велосипедисти и двајца пешаци. Триесет и шест лица се здобиле со полесни телесни повреди. Во 79 несреќи причинета е само материјална штета.

Најголемиот број од несреќите се случиле на гостиварските улици, потоа на магистралниот пат кон Кичево, автопатот Гостивар-Тетово и регионалните патишта кон селата Чегране и Градец.

„Како и до сега, неприлагодената брзина е најчестата причина за судири или излетувања на возилата од коловоз. Причина број два е неправилното вршење дејствие,  непочитување првенство, недржење страна и друго“, соопштуваат од СВР Тетово.

Нивна оценка е дека продолжува сообраќајната недисциплина, пред се од возачите, но и од пешаците, кои не ги почитуваат постоечките знаци, правила и прописи.

Секторот за внатрешни работи најавува дека ќе продолжи со засилени превентивно-контролни активности, и во наредните месеци. Нивна примарна цел е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај прекршителите и да придонесе за поголем ред и безбедност на патиштата, велат од полицијата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена