Поврзи се со нас

Занимливости

Што можеме да научиме додека спиеме?

Објавено

на

Пред да легнете вечерва, ставете книга под перницата. Следното утро кога ќе се разбудите целата содржина ќе биде во вашето сеќавање. 🙂 Ова веројатно нема да се случи, но не губете надеж. Се чини дека многу работи можат да се научат или барем да се утврдат во сон. Многу од нив зависат од еден факт – звукот. Еве неколку вештини што можете да ги изострите додека спиете.

Странски зборови

Во еден неодамнешен експеримент, научниците ангажирали неколку германски говорници да учат холандски јазик, со акцент на вокабуларот. Потоа почекале да заспијат. Она што заспаните Германци не го знаеле, е тоа дека научниците на една група им пуштале аудио снимки од основни зборови на холаднскиот јазик. Втората група не била изложена на тие снимки. Подоцна, кога испитаниците ги тестирале, групата, која била изложена на зборовите додека спиеле, можела полесно да ги препознае и да ги преведе.

За да бидат сигурни дека наодите се врзани за спиењето, а да не се резултат на будно слушање на зборовите, научниците на другата група им пуштале снимки од зборовите, додека тие се бавеле со нешто друго, на пример шетање. Тие што шетале ни половина не ги запаметиле зборовите, додека тие што спиеле, можеле лесно да ги препознаат и да ги преведат.

Музички вештини

Во друга студија, научниците ја научиле групата на испитаници, да свири мелодија на гитара од видео играта Гитар Хироу. Потоа волонтерите отишле на спиење. Кога се разбудиле, биле замолени повторно да ја отсвират мелодијата.

Испитаниците не знаеле дека едната група била изложена на мелодијата во сон, и таа група ја отсвирела мелодијата многу подборо, отколку тие што ја слушале.

Место каде што нешто сте оставиле

Во студија од 2013 година, научниците повикале 60 здрави, возрасни испитаници и ги замолиле на компјутерите да распоредат виртуелни објекти, на одредено место на екранот. Кога одбрале локација и ги поставиле виртуелните објекти, слушнале специфична мелодија. Потоа направиле два експеримента, во кои учесниците, отспале час и половина.

Во текот на првиот сон, испитаниците заспале без никава мелодија. Во текот на другиот сон, им ја пуштиле мелодијата, која свирела додека ги ставале виртуелните објекти на одредени локации, но никој од испитаниците не се сеќава дека ја слушнал во сон. Не изненадува тоа што памтењето на испитаниците, исчезнало после спиењето. Но, нивното памтење било подобро, откако биле изложени, потсвесно, на мелодијата. Интересно е тоа што нивното памтење било поостро, кога им било речено дека виртуелниот објект има голема вредност.

Како да се заштитат значајните сеќавања

Научниците сметаат дека нашите мозоци, користат посебен систем на означување, за да ги одвојат важните сеќавања, од неважните. Во една неодманешна студија, откриено е дека луѓето, коишто слушаат звук, кој е поврзан со нивните сеќавања, дури и оние неважните, биле во состојба полесно да запаметат некои факти. Прво испитаниците биле замолени да ја поместат иконата на екранот од компјутерот, на специфично место. Компјутерот бил програмиран да одсвири звук, откако иконата била преместена. Потоа испитаниците отишле на спиење. Едната група додека спиела, била изложена на звуците, додека другата не била. Испитанците, што биле изложени на звуковите, додека спиеле, ги запаметиле сите икони, еден звук бил доволен за да ги поттурне и другите сеќавања,  додека другата група, воошто не ги запаметила.

Што навистина се случува во мозозокот додека спиеме?

Мозочната активност, во текот на ноќта во одредени фази се забавува, а некои од нас, поминуваат повеќе време во фазата, која се нарекува бавно спиење. Бавното спиење е и фазата на сонот, за која научниците веруваат, дека во неа, сеќавањата од краткорочното памтење, се преместуваат во долгорочното памтење, а сето тоа се одвива во префронталниот кортекс.

Со други зборови, клучот лежи во фазата на бавно спиење – колку побавно спиеме, тоа е подобро и за учење нови вештини, но и за одржувањето на важните сеќавања.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена