Поврзи се со нас

Вести

Што покажале анализите за труењето во тетовската фабрика?

Објавено

на

 

Лабораториските анализи на земените мостри храна во тетовската фабрика Леар, каде минатата недела имаше работници со симптоми на труење, покажале дека нема присуство на патогени бактерии во испитаните: алва, леб, вакумирана салама пилешки гради, јогурт, крем сирење и водата за пиење.

Детектирано било зголемено присуство на аеробни и мезофилни бактерии во јогуртот и крем сирењето, што ги прават овие производи потенцијално ризични за употреба. Иако ваквите бактерии не се дел од микробиолошките критериуми за испитување на безбедноста на храната, туку упатуваат на недоволно добра хигиенска пракса во услови на екстремно високи надворешни температури, наведуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Освен тоа, било утврдено присуство на бактеријата стафилокока кај лицето што ја делело храната и на работната маса за чување резервна храна. „Ова лице со храната немало директен физички контакт бидејќи на работниците делело спакувана и вакумирана храна во поединечни пакувања за секој вработен“, соопштуваат надлежните.

Во врска со бактеријата на работната маса за чување на резервна храна, од страна на инспекциските служби биле изречени и спроведени мерки за генерално механичко чистење и дезинфекција на мензата.

Агенцијата за храна и ветеринарство дала препораки за строго спроведување добра хигиенска пракса кои се однесуваат на делење на храната во пократок временски рок, адекватно чување и транспорт, одржување на личната хигиена и носење на работни одела на вработените кои работат со храна.

Анализите од вонредната контрола кај добавувачот на храна за работничката менза се уште не се завршени.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена