Поврзи се со нас

Гостивар

Што треба да направите ако сте биле корисник на услугите на Еуростандард банка

Објавено

на

    Народната банка вчера ја укина дозволата за работење на Еуростандард банка АД Скопје, а за денес најави дека ќе побара отворање на стечајна постапка. Граѓаните и фирмите кои работеле со Еуростандард банка АД Скопје се во паника што ќе се случи со нивните средства.

    Од Народната банка излегоа со информации наменети за физичките и правните лица коишто ги користеле услугите и производите на Еуростандард банка АД Скопје:

    ИНФОРМАЦИИ ЗА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА

    • Од причина што на „Еуростандард банка“ АД Скопје ѝ е укината дозволата за основање и работење и е исклучена од платниот промет во земјата и странство, нема да бидете во можност да ја користите вашата трансакциска сметка во Банката.
    • Ако покрај трансакциската сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје имате трансакциска сметка и во друга банка, користете ја таа сметка за остварување на Вашите приливи на парични средства, но претходно контактирате ја банката во којашто е сметката (преку е-пошта или преку телефонскиот контакт-центар), за да се информирате дали е потребно да ги ажурирате своите податоци.
    • Доколку немате отворено трансакциска сметка во друга банка, потребно е да отворите нова трансакциска сметка во некоја од банките во земјата, по Ваш избор. 
    • Со цел непречено да остварувате приливи на парични средства, потребно е со писмен допис да ги известите институциите и лицата од коишто очекувате идни приливи, уплатите на паричните средства во иднина да ви ги исплаќаат на ваша трансакциска сметка во друга банка, и притоа треба да им го доставите бројот на трансакциската сметка и називот на банката во која таа е отворена.
    • Вработените лица треба во најкраток рок да го известат својот работодавач, пред следната исплата на плата или други приходи коишто им ги исплаќа работодавачот.
    • Пензионерите и корисниците на социјална помош, детска заштита и други видови на социјална помош треба да ја известат банката преку којашто би сакале понатаму да им се вршат исплатите.
    • Лицата кои остварувале други приливи по било кој основ преку сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје (пр. хонорари, закупнини, субвенции, стипендии итн.), треба да го известат исплатувачот на средствата во иднина уплатите да ги врши на трансакциската сметка во друга банка.

    ДЕПОЗИТИ

    • Депозитите на физички лица (резиденти и нерезиденти) во „Еуростандард банка“ АД Скопје се осигурени согласно со Законот за Фондот за осигурување на депозити. Осигурениот износ е до 30.000 евра по физичко лице – депонент. Обесштетувањето на овие лица ќе се врши со исплата на средства од страна на Фондот за осигурување на депозити (ФОД) и ќе започне во рок од 20 дена, согласно со Законот.
    • Предмет на обесштетување се денарските и девизните депозити, средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизните приливи и сертификатите за депозити издадени од „Еуростандард банка“ АД Скопје.
    • За обесштетувањето, нема потреба од дополнително барање / пријавување на побарувањата од страна на депонентите-физички лица. Депозитите се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката.
    • Обесштетувањето се исплатува во денари, при што депозитите вложени во девизи се обесштетуваат според средниот курс на Народната банка на 12 август 2020 година, кога е донесено Решението за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје.
    • Пред започнување со исплата на обесштетувањето, ФОД преку соопштение до медиумите ќе ги известат депонентите-физички лица за: датумот на почеток на исплата на обесштетувањето на депозитите, за банката-исплатувач / банките-исплатувачи преку која/кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето и за начинот на подигнување на потврдите за сопственост на депозитите.
    • При обесштетување, поединечните депозити на едно лице се сметаат за единствен депозит.
    • Со обесштетувањето на депозитите се опфаќа и договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата заклучно со 12 август 2020 година, којашто не му била исплатена на депонентот-физичко лице.
    • Депонентите-физички лица коишто имаат депозити во „Еуростандард банка“ АД Скопје повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице. Своето право за целосно намирување до висина на вкупниот депозит (разликата меѓу вкупниот износ на депозитот и пресметаниот износ на обесштетување) ќе може да го остварат од стечајната маса на „Еуростандард банка“ АД Скопје. За ова нема потреба од дополнително барање / пријавување на побарувањата од страна на депонентите-физички лица.
    • Согласно со Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите обврски кон банката.

    КРЕДИТИРАЊЕ

    • Начинот на измирување на обврските на физичките лица врз основа на кредитите, клиентите ќе го регулираат со стечајниот управник, којшто навремено ќе сподели информации со нив.

    ГРАЃАНСКИ СЕФОВИ

    • Физичките лица кои користеле сеф во трезорот на „Еуростандард банка“ АД Скопје, по отпочнување со работа на стечајниот управник ќе можат да ги подигнат своите предмети од вредност. Овие предмети се нивна сопственост и не може да бидат задржани во текот на стечајната постапка.

    ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРАВНИТЕ ЛИЦА

    • Од причина што на „Еуростандард банка“ АД Скопје ѝ е укината дозволата за основање и работење и е исклучена од платниот промет во земјата и странство, нема да бидете во можност да ја користите вашата сметка во Банката.
    • Ако имате сметка во друга банка, со цел за непречено деловно работење потребно е да ја користите таа сметка. Претходно, потребно е да ја контактирате банката во којашто е отворена сметката (преку е-пошта или преку телефонскиот контакт-центар) за да се информирате дали е потребно да ги ажурирате вашите податоци.
    • Доколку немате сметка во друга банка, потребно е да отворите сметка во некоја од останатите банки во земјата, по Ваш избор.
    • Со цел непречено да остварувате парични приливи во иднина, препорачуваме сите правни и физички лица со кои имате деловна соработка, писмено да ги известите за промената на сметката на правното лице, при што ќе ги наведете бројот на сметката и банката во која таа е отворена.

    ДЕПОЗИТИ

    • Побарувањето по основ на своите депозити во Банката, депонентите-правни лица ќе може да го остварат од стечајната маса на „Еуростандард банка“ АД Скопје, а се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката. Нема потреба да поднесувате посебно барање или да го пријавите своето побарување по основ на депозит од стечајната маса на Банката.

    ДРУГИ ПОБАРУВАЊА НА СРЕДСТВА ОД „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“ АД СКОПЈЕ
    (НЕ ПО ОСНОВ НА ДЕПОЗИТ)

    • Доверителите на Банката треба да ги пријават своите побарувања во рок кој ќе биде определен со решението на судот за отворање на стечајната постапка во Банката, а кој не може да биде подолг од 20 дена.
    • Потоа, овие доверители ќе треба своите побарувања да ги намират од стечајната маса на Банката во соодветна постапка.

    КРЕДИТИРАЊЕ

    • Начинот на измирување на обврските по основ на кредити, клиентите ќе го регулираат со стечајниот управник, којшто навремено ќе сподели информации со нив.

    За дополнителни информации, физичките и правните лица коишто ги користеле услугите и производите на „Еуростандард банка“ АД Скопје, може да се обратат секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:

    – е-адресата: info@fodsk.org.mk или на телефонските броеви: 02/ 3235-730 и 02/ 3235-735 (ФОД) и

    – е-адресата: info@nbrm.mk или на телефонскиот број: 02/3108-550 (Народна банка).

    Сподели на:
    Остави коментар

    Leave a Reply

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement

    Анкета:

    Дали треба да се скрати работното време на администрацијата во петок на 4 часа?

    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 8 часа

    Д-р Угриновски во Гостивар: „Кој еднаш отишол на планина, секогаш ќе ѝ се враќа“

    Гостиварпред 9 часа

    411 новозаразени со корона во земјава во последното деноноќие

    Вестипред 12 часа

    Вештачката интелигенција во борбата против смртоносните вируси

    Гостиварпред 13 часа

    Основниот суд Гостивар ги отвора вратите за граѓани, студенти и ученици по повод Европскиот ден на правдата

    Македонијапред 14 часа

    ЗНМ: Надлежните итно да постапат за нападите врз новинари, креираната атмосфера е предупредувачка и мора веднаш да престане

    Гостиварпред 14 часа

    25 годишна девојка приведена и задржана во ПС Гостивар

    Што, како, каде?!пред 16 часа

    Нова неделна акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

    Гостиварпред 17 часа

    Викенд временска прогноза

    Што, како, каде?!пред 17 часа

    Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

    Вестипред 18 часа

    Славниот актер Алек Болдвин ја застрела директорката на фотографија на снимање на филм

    Македонијапред 1 ден

    Уапсена жена во Гостивар за издржување 12 годишна затворска казна

    Здравје и убавинапред 1 ден

    Кога треба да се запре со тренингот?

    Македонијапред 1 ден

    Тестирани за коронавирус 3.073, позитивни 490

    Вестипред 7 дена

    КК Гостивар денеска му гостува на МЗТ 2 во Скопје

    Гостиварпред 2 недели

    Гостиварка со повик до кандидатите за градоначалник: Потпишете декларација за лицата со посебни потреби

    Гостиварпред 4 дена

    Гостиварци се мобилизираат за помош на семејството на малата Лена

    Гостиварпред 1 недела

    Пофалница и награда за Тамара од Гостивар, како еден од најдобрите дипломци на УКИМ

    Гостиварпред 2 недели

    Три нови потврдени случаи на коронавирус во Гостивар, во земјава 344

    Локални избори 2021пред 1 недела

    Бејта: За само 100 дена Гостивар ќе биде чиста општина, еве ги првите 24 проекти

    Гостиварпред 2 недели

    Над 200.000 евра е највисоката добивка во Гостивар од игри на среќа лани

    Гостиварпред 2 недели

    Во дел од Гостивар денес ќе нема струја неколку часа

    Локални избори 2021пред 1 недела

    Проект за модерен и инклузивен плоштад во Гостивар презентира АА/А

    Македонијапред 1 недела

    Здравствените власти не очекуваат нов силен ковид бран, наскоро во кафуле само со 2 дози вакцина

    Културапред 2 недели

    Битолскиот театар со награда за најдобра претстава на фестивалот „Отело“ во Гостивар

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Нова неделна акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

    Локални избори 2021пред 2 недели

    Униите на жени на ВМРО-ДПМНЕ и АА во Гостивар заедно на марш „Напред розово!“

    Спортпред 2 месеци

    КК Гостивар започна со подготовките за новата сезона

    Спортпред 5 месеци

    ФОТО ВЕСТ: Македонија тргна за Букурешт на EURO 2020

    Гостиварпред 5 месеци

    Етно вешта жена во гостиварско Зубовце – старински специјалитети, чист воздух и дружење

    Гостиварпред 5 месеци

    Повторно протест во Гостивар: Хартиените учебници да останат основно средство за учење!

    Гостиварпред 5 месеци

    Протест во Гостивар: „Нема да дозволиме експерименти врз нашите деца“

    Гостиварпред 6 месеци

    Паркот во Гостивар ќе добие нов лик и социјално инклузивен дел (фото)

    Гостиварпред 8 месеци

    На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

    Гостиварпред 9 месеци

    Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

    Спортпред 1 година

    На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

    Спортпред 1 година

    На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

    Гостиварпред 1 година

    ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

    Спортпред 1 година

    Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

    Отворени работни места во Полог:

    Популарно изминативе 100 дена

    error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!