Поврзи се со нас

Гостивар

Штрајк на СОНК во Гостивар, Амети: Членството е разочарано и нервозно што немаме никаква понуда

Објавено

на

Вработените во училиштата и градинките четврти ден се во генерален штрајк, со главно барање за покачување на платите. Од Регионалниот одбор на СОНК во Гостивар нагласуваат дека недобивањето на понуда од страна на Владата и Министерството создава големо разочарување и нервози кај членството.

„Вчера имавме состанок со МОН, на кој бевме повикани мислејќи дека ќе добиеме некаква понуда, да го анализираме по синдикалните организации. Но, отидовме да слушаме само за последиците од штрајкот, дали ќе ги надополнуваме часовите, дека матурантите губат со продолжување на рокови предвидени за матура. Ние сме свесни за тој дел и тоа подобро го знаеме, ние наставниците, отколку тие во Министерството. Ние бараме што поитно да ни дадат некоја понуда, која синдикалните организации ќе прифатат. До сега нема ништо такво. Членството не смо што е разочарано, туку расте и нервозата затоа што не гледаат дека се стигнува до некакво решение. Едноставно очекувавме дека брзо ќе се реагира од надлежните и ќе излеземе од оваа ситуација. Ние знаеме дека децата губат од настава, а токму овој период е можеби најважен дел, кога се одбиваат завршни оценки, матурантите завршуваат, деветтоодделенците треба да се подготвуваат за средно. Ако треба да се надополнуваат часовите, во ред, ние сме тука, но тука сме и да одиме до крај со нашите барања, кои се усогласени со реалните потреби на животот, па дури и се поскромни.“, изјави Тафа Амети, претседател на Регионалниот одбор на СОНК во Гостивар.

Тој додаде дека во Гостивар штрајкот се одвива според предвиденото и добива поддршка од родителите.

„Во училиштата во Гостивар штрајкот тече 100% и за тоа упатуваме благодарност и до родителите кои се солидаризираат, ја разбираат нашата мака. Во детските градинки, исто така има голема солидарност од родителите, мала е бројката на деца што ги носат во градинка и за нив се грижат тие што се со договори на дело. За жал, таму остануваат по 8 часа со штрајкот, некако не можеме да се договриме тоа време да се скрати на 4 часа. Инсистира директорката да остануваат 8 часа, што не е незаконски, но мислам дека е нехумано, затоа што има и нашите членови кои постат.“, рече Амети.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес-конференција попладнево ја повика Владата и ресорните министерства да понудат нешто реално, секој предлог ќе оди кај членството за во текот на викендот Советот на СОНК да може да го разгледа и да донесе одлука.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 8 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 12 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 18 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 19 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена