Гостивар
Пожари на „29 Ноември“ во Гостивар: Вештаци од Скопје вклучени во расчитување на случаите

Три пожари се случија во стари ненаселени објекти во неполна недела на иста уличка во Гостивар – сокаче во централното градско подрачје. Сите три во вечерните часови, локализирани од пожарникарите со брза интервенција, без повредени лица или жртви, но со покренати сомнежи во јавноста: Има ли поврзаност, која е причината за пожарите, дали се подметнати од некаква намера итн…
Трите пожари се нотирани во официјалните извештаи на институциите. Од таму, за сега нема поконкретни одговори на споменетите прашања, но полицијата известува дека во мерките што се преземаат се вклучени и вештаци од Скопје.
„Во трите пожари кои минатата и оваа недела се регистрирани на исто толку, претежно постари објекти на улица „29 Ноември“ во Гостивар нема повредени лица, а причинета е само материјална штета, чија висина сè уште се утврдува. Во координација со Јавен обвинител, кој од самиот почеток е вклучен во овие случаи, се утврдуваат, исто така и причините за настанување на пожарите. Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар презема повеќе оперативни мерки за расчистување на причините и можните сторители. Mерките ќе продолжат и наредните денови, а во нивната реализација активно се вклучени и стручни екипи (вештаци) од Министерството за внатрешни работи од Скопје.“, стои во одговорот што Gostivarppress.mk го доби од СВР Тетово на прашање врзано со пожарите.
Првиот пожар беше регистриран на 9 април, вториот на 11, а последниот вчеравечер (13 април).
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022