Поврзи се со нас

Македонија

Синдикалците утре ќе маршираат за работнички права

Објавено

на

Синдикалните организации утрешниот Меѓународен ден на трудот, 1 Мај ќе го одбележуваат со маршеви за работнички права низ улиците на главниот град, Скопје.

Сојузот на синдикатите на Македонија најави дека Синдикалниот марш ќе го спроведе под мотото “Не може да се одлучува за нас, без нас” , а ќе започне во 11 часот пред зградата на ССМ. „Се залагаме за брза и ефикасна реализација на работничките приоритети: договори за вработување на неопределено време, стоп за договорите на определено време подолго од 1 година, сабота и недела, денови на неделен одмор, 12 месеци породилно отсуство, минимална плата најмалку 13.800 денари, платите да пораснат, младите да останат, регрес за годишен одмор за сите, стоп за зголемување на границата за пензионирање, здрави и безбедни работни места, стоп за мобинг и дискриминација, стоп за мешање во синдикалното организирање, унапредување на колективното договарање.“, наведуваат од ССМ.

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија ќе го отпочне својот марш од пред зградата на МРТ во 10 часот. „Ги повикуваме сите вработени во државниот и приватниот сектор да се приклучат на првомајскиот марш на работниците со цел да ги презентираме барањата на работниците: достоинствено вреднување на трудот на работниците, исплата на годишен регрес во државниот сектор, измена на Законот за работен однос, либерализација на синдикалното делување, почитување на репрезентативноста на Независните
синдикати.“, се вели во нивниот повик.

Марш ќе организира и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

фото: ССМ

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена