Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Сите нешта кои марулата може да ги направи за вашето здравје

Објавено

на

Марулата или зелената салата е една од намирниците кои се вистински извор на витамини, природно средство за зајакнување на имунитетот и добра заштита од разни болести. Експертите препорачуваат да ја користите што почесто.

Содржи околу четири отсто вода, најмногу хранливи материи се јаглехидратите околу 2,5 отсто, протеините околу 1,2 и мастите околу 0,2 отсто.

Марулата содржи витамини А и Ц, а минералите вклучуваат железо, калциум, цинк, бакар, магнезиум и фосфор. Витамините Б1, Б2, Б6, кои се неопходни за размена на материи и нервна функција, а исто така и за создавање на протеини, ги има во оваа храна.

Потемно зелените листови зелена салата се побогати со витамин А од посветлите сорти. Затоа, со правилен избор на оваа храна, доволно сме снабдени со се што му е потребно на организмот.

Нутриционистите не потсетуваат дека постојат најмалку седум причини зошто овој зеленчук треба да биде вклучен во исхраната.

Има малку калории и масти

Една мала чинија зелена салата содржи само 12 калории, што ја прави одличен додаток за секој оброк, но може да послужи и како здрава ужина. Исто така, ако јадете зелена салата на почетокот на оброкот, ќе го наполните стомакот, па помалку ќе јадете од главното јадење, што поволно влијае на слабеењето на оние кои сакаат да ослабат.

Помага при слабеење

Марулата содржи многу растителни влакна. Освен што ќе ве засити, ќе го подобри и варењето. Исто така, влакната помагаат во исфрлањето на вишокот сол од телото и влијаат на чувството на ситост.

Марула за поздраво срце

Витаминот Ц и бета-каротенот од зелената салата заедно ја спречуваат оксидацијата на холестеролот, па затоа се смета за една од намирниците кои го штитат здравјето на срцето.

Содржи омега-3 масни киселини

Марулата има совршен сооднос на омега-3 и омега-6 масни киселини. Бидејќи телото не може самостојно да ги произведе, луѓето мора да земаат специјални, есенцијални масни киселини преку нивната исхрана. Линолеинската киселина (омега-6 масна киселина) и алфа-линоленската киселина (АЛА, омега-3 масна киселина) припаѓаат на овие масни киселини. Тие се особено важни за развојот на мозочните и нервните клетки.

Богата со протеини

Дури 20 проценти од калориите во зелената салата потекнуваат од протеини, кои се важни за градење и зачувување на мускулите. Со оглед на тоа дека е богата со растителни влакна, нема да има негативно влијание на перисталтиката на цревата, што нормално се случува при конзумирање на големи количини протеинска храна која не содржи доволно влакна.

Обезбедува мирен сон

Марулата ја содржи супстанцијата лактукариум, која има својства слични на опиумот, но без штетни несакани ефекти. Доколку редовно го консумирате овој зеленчук, по одредено време ќе забележите дека квалитетот на вашиот сон е подобрен.

Одржува оптимално ниво на киселост во телото

Минералите во зелената салата помагаат да се отстранат токсините од телото и да се одржи оптималната киселост. Ова е значајно, бидејќи доброто ниво на киселост му дава на телото енергија и поволно влијае на убавината на кожата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена