Поврзи се со нас

Македонија

Служиме на јавноста, не на политичарите-порачаа новинарите

Објавено

на

Безбедни, слободни и социоекономски ослободени новинари е главниот предуслов за слободно и професионално новинарство како столб на демократијата, порачаа Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, кои го одбележуваат Денот на слобода на медиумите – Трети  Мај со крводарителска акција и порака за солидарност и сплотеност.

-Служиме на јавноста, не на политичарите, а ограничувањето на нашата слобода ги загрозува правата на сите, истакна претседателот на Здружението, Младен Чадиковски на прес-конференцијата по повод крводарителската акција, што се одржа во Домот на хуманитарни работници „Даре Џамбаз“.

Факт е, наведе Чадиковски, дека денес уживаме повеќе слобода на говор од пред десетина години. Но нашата слобода, додаде тој, мора да признаеме дека е се уште ограничена, бидејќи малиот пазар на којшто ние вирееме,  живееме и работиме остава малку простор за независно новинарство, со што дел од медиумите се уште се потпираат на политички или стриктно бизнис интереси.

-За да го вратиме достоинството на нашата професија мора да поставиме приоритети и да се спротивставиме на медиумската олигархија која е испреплетена со политиката и бизнисот, рече Чадиковски.

Според претседателот на новинарскиот синдикат Павле Беловски,  иако има скок во Извештајот на Репортери без граници, како што рече, укажувањата во овој извештај се многу подлабински и посериозни.

-Се соочуваме со многу сериозни проблеми. Овде само би ги напоменал – лошата социоекономска сигурност на новинарите и медиумските работници, лагите, дезинформациите и имаме некои нови состојби на кои ние како членски организации постојано укажувавме, а тоа е политизирање на медиумите. Односно, ако порано имавме политичко влијание во медиумите, сега веќе имаме и партиски медиуми, една нова форма, но и во друга прилика ќе говориме на овие теми, рече Беловски.

Како што оцени, социоекономската состојба на новинарите и медиумските работници се повеќе се продлабочува и не се подобрува.

Новинарската фела укажа и на проблемите на локалните медиуми, предупредувајќи повторно дека  во локалните средини ќе нема медиуми ако продолжат сегашните трендови со нивно згаснување поради немање средства за работа.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена