Здравје и убавина
Со овие сокови ќе имате челичен имунитет
Пролетта важи за најубаво годишно време, но и за време кое знае да предизвика замор, малаксаност, намалување на отпорноста на организмот. Најдобар начин да го подигнете имунитетот, да се освежите и да се наполните со енергија се природните сокови. Ви предлагаме три рецепти кои лесно се подготвуваат, а може да направат чудо за вашето тело и дух во овие пролетни денови.
Зелен сок – Одлично делува против киселост на организмот, ќе ве смири и ќе ве наполни со сила. Потребни ви се: еден филџан спанаќ, една рака свеж грашок, 2 големи листа блитва, едно зелено јаболко, половина лимон и половина краставица. Сето тоа во блендер и зелената витаминска бомба е подготвена.
Сок од црвена зелка – Овој напиток е полн со витамин Ц и препорачливо е да го пие целото семејство. Изблендирајте четвртина црвена зелка, малку целер, половина лимон и 1 до 2 крушки. Додавајте вода по потреба.
Сок од моркови – Идеален за подготовка на организмот за сончање, затоа што морковот содржи каротен. Се подготвува како и останатите, лесно, брзо и едноставно во блендер. Ви требаат 5-6 моркови, една краставица, едно јаболко и малку ѓумбир.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди