Гостивар
Советничките Ќироска и Нешковска гости во „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk
Драга публико, задоволство ни‘ е да ви ја најавиме третата видео емисија по ред, од серијалот „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ во продукција на Gostivarpress.mk.

Во фокусот на нашето внимание овојпат се теми врзани со женските прашања, зборуваме за тоа дали е предност или мана да се биде жена во денешниот свет, постојат ли еднакви можности за жените и мажите во реалноста или се тие само формалност на хартија, како припадничките на понежниот пол се борат против стереотипите и предрасудите, колку вложуваат во себе за да постигнат да стегнат се‘ под конец и да ги завршат сите обврски што ги носи денот и слично.
Во емисијата ќе стане збор и за работата и активностите кои ги спроведува Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Гостивар, што тие би промениле кога би ја имале власта, почетоците во политиката, естетската хирургија, истополовите бракови и ред други интересни теми.
Наши гостинки се две дами: Анета Ќироска, специјалист по семејна медицина, советничка во Советот на Гостивар од ВМРО-ДПМНЕ и Ема Нешковска, правничка вработена во Царинската управа и советничка од СДСМ.
Не‘ очекуваат искрени и инспиративни разговори, а соговорничките ќе споделат свои лични животни искуства и ставови на интересни прашања. Потсетуваме дека сите видео емисии од овој серијал „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ овозможуваат еднаков пристап на лицата со оштетен слух, се прикажуваат со толкување на знаковен јазик.
Емисијата премиерно ќе се емитува утре (недела, 01.10.2023) со почеток во 21 часот, на Јутуб каналот на Gostivarpress.mk.
Вреди да се проследи!
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила