Поврзи се со нас

Вести

СП 2019: Македонија денес ќе брка втора победа против Бахреин (14 часот)

Објавено

на

После победата против Јапонија во првото коло од групата Б, денеска селекцијата на Македонија го игра вториот натпревар на мундијалот против репрезентацијата на Бахреин

Според квалитетот на двете селекции и прикажаното во првото коло а и според рејтингот, Македонија важи за фаворит против Бахреин, но капитенот Лазаров во неколку наврати потенцираше дека Бахреин е доста посериозен противник од Јапонија. Во првото коло загубија од Шпанија 33-23.

Селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалес реши да не менува ништо од претходниот меч, па на трибините повторно ќе бидат резервниот голман Златко Даскалоски и пикерот Милан Лазаревски, кои одмараа и против Јапонија.

Состав: Борко Ристовски, Никола Митревски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Филип Лазаров, Дејан Манасков, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Марио Танкоски и Велко Маркоски.

Ова ќе биде прв дуел помеѓу овие две селекции, за Бахреин ова е трето учество на светските првенства. Натпреварот се игра во Минхен, од 14 часот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена