Поврзи се со нас

Регион

„Србија против насилството“ насилно се обиде да влезе во собранието во Белград

Објавено

на

Една недела по затворањето на гласачките места во Србија, не престануваат тензиите околу изборите, особено оние во Белград, а опозицискиот блок „Србија против насилството“ на вчерашниот протест во центарот на Белград порача дека нема да се откаже од поништувањето на изборите и насобраните се обидоа насилно да влезат во зградата, унишувајќи го влезот и она што им беше достапно во собранието.

Во конфликтот меѓу приврзаниците на опозицијата и полицијата има повредени – МВР соопшти дека се повредени осум полицајци, а не се знае точниот број на демонстранти на кои им била укажана лекарска помош. 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во вонредното обраќање до јавноста синоќа изјави дека не е во тек никаква револуција и дека земјата е доволно силна да ги брани Србија и Белград. Вучиќ рече дека се уапсени „35 насилници“.

  • Ништо од ова нема да им успее. Се трудиме со блага реакција за да не повредиме некој од случајните учесници. Се собраа 2.490 луѓе, а во овој момент пред градското собрание има вкупно околу 1.195 лица, изјави Александар Вучиќ нешто по 20:00 часот во обраќањето до јавноста во врска со протестот на опозицијата.

Тој додаде дека во регионот „почнале да слават“ и да зборуваат за „успешната револуција што е во тек во Белград“, што, според неговите зборови, покажува дека вечерашните настани во главниот град на Србија „не се само производ на внатрешна мудрост и глупост, туку многу посериозни геополитички околности во кои се обидуваат да ја урнат независноста, самостојноста и суверенитетот на Србија“.

Некои го покажаа своето лице, дека насилството им е единствениот облик на борба, оцени Вучиќ.

  • Со денови укажувавме на тоа, го предупредувавме странскиот фактор за тоа, им благодариме на оние странски служби кои јасно ставија до знаење што се подготвува, рече претседателот на Србија.

Оние кои се колнеа дека се борат против насилството, рече тој, само уште еднаш потврдија дека се вистински насилници, силеџии.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 6 часа

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Спортпред 9 часа

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Спортпред 1 ден

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 1 ден

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 1 ден

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 1 ден

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 2 дена

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 2 дена

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 дена

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена