Гостивар
Средба Лога-претседатели на судовите и ЈО во Гостивар: Неопходни нови вработувања

Министерот за правда Кренар Лога при вчерашната посета на Гостивар оствари средби со претседателите на Апелациониот суд, на Основниот суд, шефот на Вишото јавно обвинителство и на Основното јавно обвинителство во Гостивар.
„Состојбите во правосудството, работата на институциите, улогата на судиите и обвинителите, довербата, предизвиците со кои се соочуваат, недостигот на кадар и на просторни и технички услови за работа беа дел од темите за кои разговараа министерот за правда Кренар Лога со претседателот на Апелациониот суд во Гостивар, Беким Мехмеди, претседателот на Основниот суд Елјеса Алији, шефот на Вишото јавно обвинителство Фаик Арслани и Елизабета Јосифовска од Основното јавно обвинителство.“, соопштија од Министерството.
На средбата било посочено дека е неопходно да се реагира во однос на нови вработувања во судовите и јавните обвинителства како и да се преземат соодветни мерки со цел да се обезбедат соодветни простории за работа.
Се дискутирало и за Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027 и реформите кои ќе се опфатат со неа.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!