Поврзи се со нас

Гостивар

Средношколци од економското училиште создадоа паметни канти за селекција на отпад

Објавено

на

Во средното економско училиште во Гостивар  денес беа поставени паметни канти за селекција на отпад, изум на тим ученици од училиштето, за чија реализација добија поддршка од Програмата UPSHIFT за иновативни решенија.

Средношколците заедно со својот ментор, професорката Анета Талеска Манеска, развија апликација која го регистрира секое парче отпад фрлено во кантата, а на секое 100-то лице кое ја користи кантата, му следува симболичен подарок: усб, слушалки за мобилен телефон и слично.

„Целта е да се подигне свеста кај младите за селекција на отпадот и да се поттикнат тоа да го практикуваат секојдневно. Ова е уште еден успешен проект на економското училиште. Нашата апликација беше избрана во конкуренција од вкупно 40 училишта. Само пет, меѓу кои и ние добивме поддршка од 2.000 евра за реализација на идејата“, вели менторката Талеска Манеска.

Учениците во гостиварското средно економско училиште на располагање имаат шест паметни канти во кои може да селектираат пластика, метал и друго.

Програмата UPSHIFT е поддржана од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена