Поврзи се со нас

Вести

Станува загрижувачки – Уште еден случај на семејно насилство во гостиварско

Објавено

на

Зачестија пријавите за семејно насилство на поширокото гостиварско подрачје. Последниот случај е пријавен вчера од седумдесет и двегодишната С.Р. од селото Врапчиште. Жената го пријавила  нејзиниот 46-годишен син Р.Р, за напад кој се случил на 7-ми овој месец.

„Дента околу 15 часот кај нив на гости дошла Ф.С.(41), ќерка на пријавителката, со која братот Р.Р. веднаш започнал вербално да се расправа, а потоа и физички ја нападнал, барајќи да замине од куќата. Тогаш се вмешала мајката по што синот се нафрлил и врз неа и со тупаници повеќе пати ја удрил по главата, рацете и грбот, нанесувајќи и видливи повреди“, соопшти СВР Тетово.

По настанот, набрзо Р.Р.ја напуштил куќата, додека двете нападнати се засолниле кај нивните соседи.

Пријавениот  вчера бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, извести полицијата.

Вчера во Гостивар беше регистрирано семејно насилство во кое сопруг ја нападнал сопругата и нејзиниот татко.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена