Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 12/07/2019 | 17:33

Старински рецепт: РОСНИК на гостиварски начин

Тараната е тестенина која домаќинките многу често ја употребувале во минатото и со неа подготвувале разни комбинации на јадења: манџи, чорби, печени специјалитети. Во гостиварско, доста популарен бил рецептот за росник, јадење чија основна состојка е домашната тарана. Да се потсетиме како нашите баби го правеле овој старински деликатес.

состојки:

500 гр.тарана

100 гр. пченкарно брашно

1,5 л. вода

200 гр.сирење

сол, масло

подготовка: Во зовриената вода во која претходно сте ставиле сол и малку масло, ставете ја тараната да се подвари, околу 5 до 7 минути. Потоа, постепено додавајте го пченкарното брашно и при тоа постојано мешајте за да не се создадат големи грутки. Варете на тивок оган, се` додека не се впие целото количество на вода. Потоа, смесата ставете ја во плех и печете околу 30-40 минути. Откако ќе се биде печен росникот, попарете го со малку загреано масло. Раздробете го сирењето одозгора и росникот на гостиварски начин е спремен за јадење.

Напишете коментар