Поврзи се со нас

Македонија

Струјата од денес по нова цена

Објавено

на

Сметките на потрошувачите на електрична енергија на регулираниот пазар, односно на домаќинствата и на малите потрошувачи, од денеска до крајот на годинава, за најголем дел од потрошувачите, ќе бидат повисоки за 0,4 отсто. Одлуката за минималното зголемување на цената во четвртокот ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Како што посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски по носењето на одлуката, цената на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти. Со ова, додаде, за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок трошокот за електрична енергија ќе се зголеми за 0,4 проценти. За 8 проценти од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок трошокот на месечно ниво ќе се зголеми за 0,48 проценти и за 4 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок трошокот ќе се зголеми за 0,57 проценти.

„Да донесеме ваква одлука, каде што реално нема никакви промени ни овозможи тоа што на универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ му дадовме насока 15 проценти од количините кои што не се обезбедени да ги набавува на берзата на електрична енергија што функционира во Македонија, во периодот кога цената на електричната енергија е близу до цената што ЕСМ ја понуди на тендерот од  60 евра за мегават час и дополнително измените на Законот за енергетика што поминаа во вторникот во Собранието кои овозможија да се примени новата цена на маржата што сега е 9,9 проценти, а претходно беше 11,5 проценти“, појасни тогаш Бислимоски.

На тендерот што претходно го распиша универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ беше прифатена цената од АД ЕСМ од 60 евра за мегават час и за покривање на 85 проценти од потребите на регулираниот пазар, додека за останатите 15 проценти беа пристигнати три понуди, но ниту една не беше прифатена поради тоа што понудите биле повисоки од моменталните пазарни цени. Дополнувањата на Законот за енергетика, пак, беа донесени во понеделникот на пленарна седница. Со ова законско решение, според предлагачите, се обезбедува сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 11 минути

Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024

Македонијапред 16 часа

Во невремето во Скопје повредена жена, паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери

Гостиварпред 18 часа

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварпред 19 часа

За половина година 43 кривични против дилери на дрога во Тетово и Гостивар, запленети марихуана, кокаин, хероин…

Македонијапред 19 часа

Не наседнувајте на измами со лажни покани за наводна истрага, апелира МВР

Гостиварпред 21 час

Тешко повреден малолетник во несреќа на патот Гостивар – Кичево

Вестипред 22 часа

Потенцијално опасен астероид мина крај Земјата на далечина 300.000 километри

soob
Македонијапред 23 часа

Забрана за движење на тешки товарни возила за викенди и при екстремни температури

Гостиварпред 1 ден

Метеопредупредување за пороен дожд, громови и ветер

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена