Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Супер вкусни и здрави зачини

Објавено

на

Вкусните миризливи билки во облик на листови, гранчиња или зрнца го збогатуваат вкусот на храната, а во исто време го зајакнуваат организмот и го подобруваат здравјето. Можеби веќе ги користите во исхраната, но добро е да го знаете и нивното влијание врз здравјето.

Ким
Во Египет и Индија кимот е познат како зачин кој има огромна лековита моќ. Ова чудесно растение го зајакнува желудникот, го поттикнува варењето на храната, ја смирува кашлицата, го зајакнува имунитетот, ја спречува појавата на рак, го стимулира производството на одбрамбени клетки, лекува болести на плуќата, кожни болести, ги смирува грчевите во матката, ги ублажува менструалните и породилните болки.

kim, зачин ким

Босилек
Ароматичната билка со зелени ливчиња има смирувачко дејство, ја намалува нервозата и напнатоста, влијае на намалување на стресот, а помага и при несоница.
Босилекот дејствува и при воспаление на бубрези и пореметувања на менструалниот циклус.
Неговите изразени антиоксидантни својства го прават одличен борец против стареење, рак и вируси.
Највкусен е во комбинација со доматни сосови и во салати.

bosiel, босилок, босилек

Магданос
Најчесто го додаваме во супи и чорби, но ова растение треба што почесто да се користи во исхраната, најдобро свежо, како додаток на салати или да се стави во јадењето непосредно пред сервирање, за да не ги изгуби лековитите својства.
Магданосот го чисти телото од штетните материи, влијае на циркулацијата и срцето, го намалува крвниот притисок, ги штити крвните садови, го зајакнува имунолошкиот систем, ги штити бубрезите, спречува инфекции…

Чај од магданос за подобрување на видот. Лажичка исечкан магданос се вари со 2-3 дл. вода околу 2 минути. Се пие подолго време, 1 до 2 филџани дневно.

magdanos, magdonos, магданос, магдонос

Анасон
Анасонот покажува одлични резултати при лечење на болести на плуќата, болки во желудникот и цревата, а особено е значајно неговото поволно влијание врз крвта. Ова ароматично растение ја прочистува крвта и го олеснува исфрлањето на штетните материи од организмот.
Користите го во комбинација со многу видови на храна, со месо, зеленчук, едноставно најдете начин да го ставите на вашето мени.

анасон, anason

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 13 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена