Поврзи се со нас

Гостивар

Свечен ден во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар по повод патрониот празник

Објавено

на

Во свечена атмосфера и присуство на бројни гости, основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар го прослави патрониот празник. Чествувањето започна со положување на цвеќе на бистата на македонскиот великан која се наоѓа во училиштето. Цвеќе положија делегации од училиштето, од гостиварските ограноци на партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и од организацијата на борци.

По овој чин на оддавање почит на големиот револуционер, следуваше културно-уметничка програма подготвена од учениците и наставниот кадар.

„Ние вработените во училиштето, коешто е мултиетничко, го засноваме меѓусебниот однос на разбирање, почитување и соработка, исто така максимално се трудиме да функционира триаголникот родител, ученик, наставник, што е основата на едно квалитетно образование. Ги негуваме традиционалните вредности, но и секогаш сме подготвени да ги прифатиме предизвиците и новитетите во воспитно образованиот процес. Нашето училиште има изградено белег во локалната средина и е солидно кадровски екипирано, со амбиција за постигнување афирмативни резултати со своите ученици. Исто така секогаш сме подготвени за соработка и комуникација со другите институции.“, изјави директорката Гордана Мојсоска.

Учениците кои учествуваа во програмата на свеченоста се претставија со рецитации посветени на Гоце Делчев и Македонија, со музички изведби, како и драмски перформанс.

Во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар настава посетуваат околу 1.130 ученици во паралелки на македонски и албански наставен јазик.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена