fbpx
Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Свечена промоција на матурантите во техничкото училиште во Гостивар

Објавено

на

Денес во средното техничко училиште во Гостивар беше организирана свечена манифестација на која беше промовирана новата генерација на матуранти, кои годинава излегуваат со диплома од овој образовен центар. На свеченоста присуствуваа родители, роднини, пријатели и претставници од институции.


Директорот на училиштето, Садудин Садики во своето обраќање упати честитки и им посака успех и во иднина на учениците кои го заокружуваат средното образование. Традиционално беа прогласени учениците на генерацијата. Годинава за најдобри беа прогласени Антонио Јанкоски од македонските паралелки, Јустра Дурмиши од албанските и Адис Бајрамоски од паралелките на турски јазик.


Свеченоста се заврши со симболично фрлање на капите и честитки од сите присутни за матурантите.

Сподели:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување во полог:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

СЛЕДЕТЕ нè на FACEBOOK

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!