Гостивар
Света Литургија на врвот Крчин, благословен молитвен подвиг каде се спојуваат небото и земјата

Викендов по осми пат се организираше ноќно искачување на планинскиот врв Голем Крчин и служење на Света Евхаристија во зори. Бројни верници, планинари, алпинисти, спортисти учествуваа во искачувањето и литургијата на Бигорската обител на надморска височина од 2.341 метар.
„Во висините, на оние места каде што земјата се соединува со небото и првите зраци на сонцето ти го благословуваат претстојниот ден, каде сосредоточено и мирно чекориш за да го чуеш говорот на тишината и во длабока аскеза полека кон целта се издигнуваш, таму целото твое битие се буди за благословен молитвен подвиг за да учествува во Тајната над сите тајни, во Божествената евхаристија, која што оваа година по осми пат се случи на мистичниот врв Голем Крчин. Со благослов на нашиот највозљубен Старец, епископот Антаниски г. Партениј, како и со дозвола на раководството на Националниот Парк Маврово, овој прекрасен врв нѐ собра заедно, за одново да ни ја испрати благодатта на таворскиот подвиг. Посебна чест за сите нас беше присуството на протопрезвитерот Бобан Митевски, кој му сослужуваше на архимандритот Кирил од Бигорската Обител. За благодатното доживување на евхаристиското собрание на овој наш Тавор, пожртвувано се потрудија бигорските монаси и монахињите од манастирот во Рајчица, како планинарските водичи при Македонската асоцијација за интернационални водичи во планина (МАИВП) и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), чија што професионалност и поддршка секогаш се голема поткрепа во организирањето на овие аскетски восходења.“, нагласија од Бигорски.
На врвот Крчин порано имало храм посветен на празникот Преображение Христово, од кој сега има остатоци.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!