Поврзи се со нас

Гостивар

Света литургија во Гостивар: Aко им ги простите на луѓето гревовите и вам ќе ви ги прости Отецот небесен, нагласи Владиката г.Јосиф

Објавено

на

На големиот христијански празник Прочка, во Сиропусната недела денес во соборниот храм Пресвета Богородица-Гостивар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски  г.Јосиф. Во својата беседа за Сиропусната недела и почеток на Великиот пост митрополитот г.Јосиф меѓудругото нагласи:

,Својата беседа ке ја започнам со извадок од словото за сиропусната недела од светиот отец наш Климент, архиепископ Охридски Чудотворец:,,Ете, се наближија деновите на Чесниот пост, во којшто сакаме да ги спасиме своите души. Само да ги оставиме лошите дела, лукавите помисли, и сѐ што сме згрешиле во текот на годината, или во блуд, или во лага, или во клевета, или во пијанство, или во кое било лошо дело, сите нив сега на ѓаволот да му ги префрлиме, да појдеме во светиот храм и со топли солзи да си спомнеме пред Бога за своите гревови, за кои ќе одговараме во страшниот ден, кога сите ќе застанеме пред Господа Бога. Да Му се молиме на Бога со чисто срце, и гнев да не држиме против своите непријатели”.Денес брака и сестри повторно се отвора вратата на четириесетдневниот велигденски пост, кој за нашата душа претставува предвесник на духовната пролет, овенчана со различни благопријатни и добродетелни мириси. Како што на доаѓањето на пролетта се радува целата од Бога создадена природа, така и на доаѓањето на постот се радува целата наша душа, зашто од денес таа ќе се украсува со милоста и љубовта, со простувањето и покајанието, како што и Спасителот Христос ни порачува во Евангелието. Без овие добродетели, нашиот пост и не може да се нарече вистински пост, туку само едно обично и празно лицемерие, кое нема да донесе никаков плод. Сега, кога настапува Великиот пост, потребно е со очистени срца од секакво зло, да се поучиме од зборовите на Господа: „Aко им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; aко, пак, не им ги простите гревовите на луѓето, и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите”. Нека Господ Бог биде нашиот сопатник во деновите кои ни претстојат за достојно да го дочекаме светлото Христово воскресение.“

Утре е Чист понеделник и почеток на Велигденските пости.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 5 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 2 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена