Поврзи се со нас

Македонија

Светски ден на медицинските сестри

Објавено

на

Денешниот датум, 12-ти мај е Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари, а се одбележува секоја година во знак на сеќавање на роденденот на Флоренс Најтингеjл, која се смета за пионер на модерното сестринство во светот

Флоренс Најтингеjл е родена во Фиренца, Италија  на 12 мај 1820 година. Целиот свој  живот се борела за унапредување на својата професија и правата на жените. По завршување на школувањето се пријавила за заминување во Турција каде што заедно со уште 38 медицински сестри се грижела за ранетите војници. Тоа била првата група на жени медицински работници на фронт. Била нарекувана „Госпоѓата со ламбата“, поради нејзината навика ноќе да ги проверува ранетите војници.

По повод 12-ти мај Унијата на здруженија предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ денеска организира Свечена академија. Традиционално, ќе бидат доделени признанија за најхумани медицински сестри избрани од институциите во кои работат.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена