Гостиарски
Така се зборува во Гостивар (22)
Нашиот портал секоја недела има редовна рубрика во која објавува извадоци од книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески. Овојпат, тоа е кажување на гостиварски занаетчија околу неговата работа и занает.
Јас сум Стеван Ѓорѓиески, роден сум во Гостиар илјада деветсто триесет и шеста година од татко Димитрија и мајка Никодинка. По занат сум кујунџија. Занатот сум го изучил и налседил од тáтко-ми. Нашиот занат бил со една поголем атрадиција. Кујунџиски занат је, может да се уврстит во еден од уметнилките занаети. Тоа е и права уметност. Коа се работит кујунџиска работа, било да е накит, порано работеле тáтко-ми и мајсторите пред тáтко-ми што биле, работеле разни крстои, разни накити. Пошто нашево поднебје било мешано, имало и албанско и турско и работеле и зá-ними соодвéтни накити, ккао што сǎт колани, што ги носеле тија, ајмалии и други работи. Иначе претежно се занимавале и со тасои, изработуеле тасои. Зависно од селата, порано имало многу села, носеле разни тасои за нá-глаа…И тија ги изработуеле. Тоа е во врска со занатот. А и после работеле предмети од злато и од стребро работеле, па и од бакар за посиромасите. Од разновиден материјал. Праеле прстењи и златни, од колена праеле за нá-гуша што се носеле по нашите села, нашите ношњи, тија ги имат. Сега веќе по музеите ги имат, зашто нема више села, нема такви ношњи – многу ретко. Ја откако сум го наследил занатот, па навамо, негде од шеесета година, од педес осма, шееста година, тија селата веќе се намалија. Дојдоа све в град и ношњите се намалија. Многу ретко, годишно околу еден кој сакат да остварит, да му напрајме, тија накити или нешто селско да имат. Сме работеле исто и за Долна Река, за Горна Река, за Ростуше, за Битуше, за Велé-Брдо за тија села петлици и други работи сǎт работени.
Иначе во Гостивар порано ја затекнав, имаше многу занатлии. Имаше казанџии, кајалџии, кондураџии, шнајдери, терзии, бербери, столари, мебелáри имаше и други занати, бравари, ковачи али сега тија занати сǎт скоро све сведени на минимум. Занатството не е во развој, него е во опаѓање и се намали скоро, многу е намалено. Старите изумреа, младите не се обнавл`аат.
По мое мислење, порано детето ако не е многу талентирано за да станет образован човек, на време, на време да си одит на занат да станет добар механичар, да станет добар кујунџија, добар златар, кондураџија и тако даље, да бидет, отколку после.
(Стеван Ѓорѓиески, 1930)
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар