Фељтон
Така се зборува во Гостивар (29)

Еден од соговорниците во книгата дава свое мислење какви биле гостиварци во однос на гостопримството и дали биле подобри домаќини од тетовци. Освен тоа, зборува и за старите гостиварски фамилии и иселувањето.
Дали се сеќавате кои биле стари гостиварски фамилии?
Како не-се-сéќавам, стар гостиарец сум. Десо Сотироски, синојте негои све у Скопје отидоа. Па Наке, тој живееше вамо, во Македонско мāло. И тиа у Скопје отидоа. Овја, Живко, тишлер беше, и-тој у Скопје отиде. Томо држеше кафáна овде, и тиа у Скопје отидоа. Земи Нестор, децата негови, и тиа у Скопје заминаа. Браќата кој Скопје, кој Хрватска, Богданоската фамилија све у Скопје заминаа. Овде работеа у сокак.
Сакам да кажам, од тиа видни л`уди ќе дојдеа децата на положај – ајд` Скопје! Многу напуштија. Гостиар беше, ти викам, многу овај, како да ти речам, фино гратче, и л`уѓе беа многу гостопримливи. И Тетō са гостопримливи, ама у Гостиар појке гостопримливи. Сега и Албанците овде у Гостиар са погостопримливи него у Тетō. Е сеа, тиа дојди од Мавроо, од тамо, од вамо селата, да речеме и у Гостиар. Многу фамилии отидоа, ти викам, видни л`уди. Бундалескине, браќава, и тиа у Скопје. Столе кондураџијата, ондека имаше, Македонско-мāло, и-тој отиде во Скопје. Да ти речам, полојна Гостиар. Имиња да ти кажуем, колку имиња да ти кажам што отидоа во Скопје? Тоа е. Авакум, Божин, тиа све биле, знаеш, она дуќанџии. Кој столари, кој касǎпница, кој ова…Све у Скопје.
Турциве, па сите си заминаа за Турција. Сите се иселија све во Турска. Тоа е Пола Гостиар се исели. На нивно место доаѓаа Албанциве од селава. Тамо до Железнá-Река е Трново, нели? Трново овдека, знǎеш колку Трновци има овдека? А све беа тамо сточари. Сите тиа л`уѓе што дошле овдека се разболеа, фатија и туберкулóза.
Сотироската фамилија исто у Скопје отиде. Нé-знам како-да-ти речам. Овде Македонско-мāло полóјна у Скопје заминаа. Па имаше Ленте, трговац. Имаше Нестор…А ти викам, Гостиар е печалбарски град. И многу заминаа странство.
(Михајло Михајловски, 1928)
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение