Гостивар
Тепачка меѓу млади на паркинг во болницата во Гостивар, повредени 3 лица

Три млади лица биле приведени од гостиварската полиција, по пријавена за масовна физичка пресметка. Други тројца завршиле со повреди.
МВР соопшти дека вчера (14 мај) полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 20 годишник од Долна Бањица и двајца малолетници на возраст од 17 и 15 години.
Според пријавата во 22.25 часот, на паркинг просторот од болницата во Гостивар настанала физичка пресметка помеѓу две групи на млади лица, од кои едната била од селото Калишта. Според пријавеното, трета група на млади лица од Ломница, се обиделе да ја спречат пресметката, но и тие биле физички нападнати и повредени со остар предмет.
Со повреди се здобиле три лица на возраст од 25, 26 и 27 години од Ломница и на сите им била укажана лекарска помош во болницата во Гостивар.
20 годишникот и двајцата малолетници биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар